Финтата е што опсесијата со Дизни понекогаш не престанува кога ќе наполниш 13 - напротив, те држи до 20, 30, 40, па и подолго. И посветените фанови почитуваат дека не можат да носат костим. Ама не значи дека не можат комплетно да ја посветат облеката на Дизни и на некој лик во негова сопственост.
Се вика Дизнибаундинг (Disneybounding) и концептот се состои во тоа што облеката (дури и секојдневната, за на работа) ја базираш на Дизни. Поентата е да облекуваш парчиња што можат да пројдат и на обично кафе или деловен ручек, а сепак неодоливо потсетуваат на некој лик од цртаните, или пак директно му оддаваат почит.
На пример, носиш црвена сукња со точки и маичка со Мини. Тоа е од очигледните варијанти.
Покомплицирано и поиновативно е да ја изведеш Пепелашка (пред да го запознае принцот), а притоа ниедно парче на тебе да не личи на дел што може да ти се најде за 1-ви април.
Проблемот е што ние што сме биле во Дизниленд и не ни текнало да си правиме Дизнибаундинг, сега ни иде да се вратиме назад и ја исправиме грешката.