Девојката што означува спомени на мапа

Во прва година на колеџ, Беки Купер открива дека ѝ лежи картографија, откако ја ангажираат да помогне при мапирање на јавните уметнички дела на Менхетн. После тоа, се инспирира да оствари една своја идеја – да ги означи на мапа нејзините сеќавања. И каков неверојатен проект е тоа!

Рачно печати неколку стотици шематски мапи во подрумот на нејзиниот интернат и пешки низ Менхетн ги дели по непознати – од бездомници до манекенки. Наскоро, сандачето ѝ е преполно со одговори во вид на мапи – луѓето ги означувале своите спомени, од минати љубови, до сеќавања од детството, до комични моменти или незгодни ситуации.

Денес, Беки има издадено книга со картографски спомени на 75 Њујорчани – некои анонимни, некои и не баш толку (Јоко Оно, Филип Петит и Адам Горкин од Њујоркер).

Еве ја приказната на Беки, мапирана:

На Тамблр блогот на Беки почнува сè – и мапите се стварно фасцинантни.

Овде на пример меѓу другото, под 4 е означен првиот, невин тинејџерски секс, под 5 е првиот секс со професионална сексуална работничка, под 7 се бракови еден/два/три, а 12 е конечно живеење сам:

Книгата, Mapping Manhattan: A Love (and Sometimes Hate) Story in Maps by 75 New Yorkers ја има на Амазон и просто вришти „нарачај ме”. А целиов проект на Беки Купер, некако инспирира да истрча човек по хартија и нешто за пишување и да си го нацрта секое заљубување, бакнување, прва цигара, прв концерт и најубаво кафе во Скопје.

30 ноември 2017 - 09:00