Во петокот, искусивме едно поинакво гастрономско доживување. Се случуваше отворање на новата сезона во ресторанот Portofino, а во главна улога беа Шефот Мартин Најдовски, без лажна скромност еден од нашите надобри кувари и Kind Of Blue – бендот предводен од Искра Србиновска.
Како ретко досега, почувствувавме вистинска синергија помеѓу неверојатниот ентериер, музиката, услугата и храната која ја вкусивме. Секој елемент придонесе за комплетно хедонистичко уживање за сите сетила и се надеваме дека во Portofino ќе можеме да присуствуваме на уште многу вакви вечери.
Во неформален разговор, Мартин Најдовски ни потврди дека концептот од сега, па натаму е тој: „Среќен сум што раководам со локал кој може да се пофали дека со ентериерот не заостанува ни најмалку зад најпознатите светски ресторани. Концептот е да го понудиме вистинскиот пакет на перфектна храна, најширок избор на пијалоци, зачинети со пријатна атмосфера и врвна услуга. Не би сакале веднаш да откриваме се што планираме, но можам да најавам дека веќе го подготвуваме новото мени, специјално „скроено“ според вкусовите на нашите гости. Нивното мислење е важно и сакавме да создадеме понуда во која ќе се пронајдат сите – од љубителите на специфични вкусови, до оние кои сакаат да уживаат во класичните специјалитети, но во совршен амбиент“.
Од Portofino посочија дека за сите новости, промоции и настани, благовремено можеме да се информираме преку нивните социјални мрежи: Facebook и Instagram.
(комерцијален текст)