Здраво Трендо,
Хоби ми е информатика, па така правејќи еден проект со колешките Елена Димитровска и Ана Тодевска добивме идеја и за нешто друго. Пред околу еден месец идејата ја пративме на Webit 2012 StartUp Challenge.
A-La-Carte е еден од 503-те пријавени стартапи за овогодишното финале од повеќе од 60 земји од ЕМЕА регионот (Европа, Средниот Исток и Африка).
Целта на A-La-Carte е да понуди Cloud платформа и онлајн услуги за продажни места за храна и пијалоци, како ресторани, кафе барови, ресторани за брза храна и слично. Основна услуга е креирање мени со производи кои се продаваат во одреден локал, кое мени потоа може да се вметне во веб страница или да се сподели преку социјалните мрежи. Исто така би постоела и апликација за мобилни уреди со која би можело да се пребаруват локали или производи според географската локација. Со истата апликација би можело да се пристапи и до онлајн менито на одреден локал преку скенирање QR код или приближување на мобилниот уред до NFC налепница кои би се наоѓале на масите во истиот локал. Дополнителна услуга би бил Cloud сервисот за комплетно управување со продажбата во локалот, така што и гостите од своите мобилни уреди би можеле на прават нарачки и плаќање на сметките.
Во финалето на 10 и 11 октомври во Истанбул ќе учествуваат 21 финалист, од кои жирито веќе избра 18. Истото жири одлучи преку интернет гласање да се одберат преостанатите 3 места. A-La-Carte е еден од проектите кој се натпреварува да пополни едно од тие три места.
Гласањето трае до среда 15 август попладне, и моментално сме на 7 место со заостанување зад првиот од околу 450 гласа. Ке ви бидеме благодарни доколку не подржите како единствен македонски стартап кој има шанси да влезе во финалето.
Линк од нашиот сајт:
Линк од страната за гласање:
http://webitexpo.com/en/webit/2012/startup.html/20
Линк од ранг листата:
http://webitexpo.com/en/webit/2012/startup_challenge.html
Однапред благодарни,
Ана, Елена и Кире