Ова е улицата 21 во Волково каде што јас живеам. Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски, ни вети дека до април годинава проблемот ќе биде решен и дека улицата ќе биде конечно асфалтирана. Но, сега е мај, а за многу кратко ќе дојде и јуни.
Дали, господине градоначалниче, ова ти изгледа нормално? Човекот од снимката со секси нозе и во тие секси влечки сум јас. Одам до продавница за да купам леб. Кога, градоначалниче? Кога ќе го одржите ветувањето? И зошто во изминативе неколку месеци асфалтирате улици кои не се во толку очајна состојба и кои веќе имале ставено асфалт?!
Зарем снимкава не ви покажува дека ситуацијата на улица 21 ги надмина сите линии? Ќе се удавиме, градоначалниче, на душа ќе нѐ носиш.
Мартин Богатиноски