ГМО полемика на читатели

Баба Рогата на модерното време

Ако земеме да пребаруваме (во суштина да гугламе) на интернет 99 од 100 линкови ќе ни кажат дека јадењето на ГМО храна е исто терањето секс со 5 проститутки собрани од пред Нигериската државна телевизија без кондом. И од тие линкови многу малку се било какви статии, најчесто пишани од нестручни лица, а најголем дел се форуми каде што загрижени луѓе кои што некритично прифаќаат се што ќе прочичтаат на интернет дебатираат дека ГМО храната е Баба Рога од која нема спас ако ја пуштиш да ти влезе по дома.

Последните 20 години една од наконтроверзните теми во Светот е дали ГМО храната е безбедна за употреба или пак е тивок убиец на човековата популација? ГМО значи Генетски Модифициран Организам, а храната која што се означува како ГМО храна е исклучиво од растително потекло (се уште не сме модифицирале кокошки да се раѓаат со 8 копани и поткопани или телиња од кои што ќе се добиваат само бифтеци и рамстеци од секој дел на телето). Значи, ГМО храната се растенија кои што се генетски модифицирани од човечкиот род за повеќе и поквалитетна храна на планетата Земја. Сепак, бројни граѓански и невладини групации и одредени владини групации (најчесто од Европа) дебатираат дека ГМО храната е катастрофална за луѓето, дека кај сите што ја конзумираат предизвикува рак, неплодност, трајно менување на човечкиот генетски код, или со еден збор ако прочитате 5-6 статии од луѓе кои што се анти-ГМО, ќе добиете слика дека за 30 години пола од децата во светот ќе умрат од рак, пола од возраснатасветската популација ќе бидат чудовишта со видоизменета ДНК, ама барем нема да може да се размножуваат (и ќе се надевате дека тоа нема да се пренесува преку гризење на врат, односно дека Дракула нема да мора да тужи во Хаг за авторски права).

А сега вистината – ГМО храната е започната да се прави од човекот... пред 12 000 години. Или уште поточно од поубавата половина на човекот – жената, која што додека мажите се бавтале со лов на мамути и ги немало по дома (читај пештера) најголем дел од времето, го измислила земјоделството и одгледувањето на растенија за потребите на човекот. Но човекот не бил преживар како анитлопите да се напасе трева преку ден па навечер да ја преживува, а нешто многу квалитетен зеленчук и овошје немало во тоа време, 10 000 години пред првиот Божиќ. Имало 250 000 диви растенија, од кои што само 1 000 биле неотровни и погодни за човечка храна, меѓутоа невкусни, во мал број и слично. Пред 12 000 години со вкрстување на различни семиња луѓето успеале да добијат 100 растенија – овошја и зеленчуци, со што престанало 200 000 годишното селење на луѓето во потрага по храна и започнале градовите и развојот на јазикот и цивилизацијата. Замислете тогаш да се побунеле „Активистите", дека немаме право да вкрстуваме различни растенија, затоа што така одиме против природата.

Еве како изгледал доматот пред и после генетската модификација од страна на човекот (десно – оригинален домат, лево откако генетски сме го модифицрале (иако во тоа време на терен, не во лабараторија):

Е, ама дебатата на сите анти-ГМО активисти е дека ГМО растенијата се ок, доколку се добиени по примитивен пат, ама се поопасни од СИДА, Ебола, Шап и лигавка заедно ако се добиени во лабараторија (не знам дали знаете, ама Амишите во Пенсилванија, САД си држат став дека ракот се добива од користење на електрична енергија по домовите).

И тука улетува вистинскиот Господ на сите Христијани, Алах на сите муслимани и Буда и Вишну на сите источно-Азијци на модерното време – Интернетот. Ако земеме да пребаруваме (во суштина да гугламе) на интернет 99 од 100 линкови ќе ни кажат дека јадењето на ГМО храна е исто терањето секс со 5 проститутки собрани од пред Нигериската државна телевизија без кондом. И од тие линкови многу малку се било какви статии, најчесто пишани од нестручни лица, а најголем дел се форуми каде што загрижени луѓе кои што некритично прифаќаат се што ќе прочичтаат на интернет дебатираат дека ГМО храната е Баба Рога од која нема спас ако ја пуштиш да ти влезе по дома.

А доколку човекот немаше развиена технологија за лабараториско производство на ГМО храна, односно долку пробавме да ја произведеме денешната количина на храна со технолигија од 1960та година, тогаш ќе ни требаа уште 3 милијарди хектари обработена и задасена почва што ќе даде род, а колку за илустрација 3 милијарди хектари = 3 пати Европа (не фабриката за чоколади, туку континентот).

Како држави наголеми противници на ГМО храната се Италија и Франција. Тие имаат земјоделско производство од органско потекло, го продаваат поскапо и дебатираат дека само тоа е здраво, а дека ГМО е штетно. Што е нормално, да си ги штитат своите граѓани и корпорации кои што се огромни земјоделски производители на храна која што не е ГМО. Ама на пример во Шпанија главното земјоделско производство е на храна генетски модифицирана односно ГМО. Европската комисија (неформалната влада на ЕУ) препорачува да не се користи ГМО, за политички и економски да ги заштити најмоќните европски држави, но ниедна релевантна европска научна институција нема извадено докази дако ГМО храната е штетна. Напротив, сите научници и научни институции кои што ја испитуваат оваа проблематика научно, засновано на докази кажуваат дека лабараториски генетски модифицираната храна е здрава за јадење.

А фактите велат друго. Сите релевантни научници од Европа и Америките (Јужна и Северна) се сложуваат дека ГМО растенијата се безбедни за конзумирање од човекот. Дека едноставно науката е напреданта до тој степен, да човекот си нашол начин да обезбеди доволно храна за сите 10 милијарди жители кои што се очекува да живеат на планетава во 2050 година (ако до тогаш не не акне некој метеор или комета). А генетски модифицарана храна се прозиведува на ангро веќе над 40 години. И знаеле вие тоа или не, кога ќе влезете во Тинекс, Тедико или Веро, околу 50% од производите свежи или пакувани имаат барем траги од ГМО во нив. За сите што не знаат, чоколадцата Марс и Сникерс се ГМО, Кока Кола и Пепси се ГМО, Нестле е ГМО, Корн Флејксот се ГМО, Принглс, Рафлс и Доритос чисповите се ГМО, Па нешто стапката на рак во Македонија не е драстично зголемена во последните 40 или 20 години, а и Гинекологија не гледам дека има помал обем на работа.

За крај, запамтете дека научните области и докази не се демократија. Доколку 99% од луѓето мислат дека ГМО е смртоносно, но научниците кои што цел живот се едуцираат за тоа и бават со таа проблематика после сите испитувања, докажале дека ГМО храната не е штетна, тогаш – ГМО храната не е штетна. Колку за илустрација ќе ви дадам еден пример – доколку ве боли окото, на кого повеќе ќе му верувате за дијагнозата, на панел од 200 стоматолози, уролози, стомачни хирурзи, трансфузиолози и слично или на еден специјалист очен лекар?

Дејан

14 септември 2013 - 11:45