Offside

Некогашниот македонски репрезентативец Илија Несторовски кој врвот на кариерата го имаше во италијански Палермо каде од коло во коло даваше голови против големите италијански клубови, сега после неколку повреди се врати во Хрватска од каде го трасираше фудбалскиот пат. Игра за Славен Белупо и тоа како игра.

Вонсериската партија на Волф кој експлодираше со 22 одбрани

По триумфот над Португалија, Германија славеше со пресврт во вториот дел над Норвешка со 30-28 и со 6 бода е прва на табела со големи шанси за полуфинале. Андреас Волф го заврши мечот со неверојатни 22 интервенции или 44% успешност. 

Кандидат за гол на сезоната во Хрватска

Ријека и Славен Белупо ремизираа 2:2 во 19. коло од хрватскиот шампионат. Резултатот го отвори Илија Несторовски во 2 минута, а моментот кој заслужува посебно внимание е 84-та минута во која Португалецот Тиаго Дантас направи мајсторија за почит, која тешко се повторува.

Ибра ги опишува Гвардиола и Анчелоти

Гостин во подкастот Неуспјех првака кај Славен Билиќ беше Златан Ибрахимовиќ. Дава интересен опис за Пеп и Карло. За Шпанецот вели дека е манијак за фудбал кој 24 часа живее со него и го смета за број 1, а Италијанецот вели дека е тренер, татко, пријател...

10 години од една подзаборавена мајсторија на Деле Али

До вчера беше играчиште, а сега е слободен агент на само 29 години после ланската неуспешна авантура во Комо. Имаме видео од едни други времиња со подруг Тотенхем, кога Деле Али имаше 19 години и играше во топ форма. Феноменален соло изум.

Македонецот кој учествувал во откривањето на прочуениот коруптивен скандал во ФИФА

Бојан Панчевски, долги години работи како новинар во познати светски медиуми. Моментално е ангажиран во Вол Стрит Џрнал и живее во Берлин. Тој е дел од тимот новинари кои го открија скандалот на ФИФА во времето на Сеп Блатер, која преку мито ги одредуваше земјите домаќини на Мундијалите.

Дете од БиХ распали со голчиште во Лига Европа

Босанците имаат нов талент, кој на 18 години веќе има 6 настапи за сениорскиот национален тим. Се работи за 18 годишниот Керим Алајбеговиќ, двоен стрелец за Салцбург на мечот против Базел кој го добија со 3:1.

Ја видовте ли клупската фотографија на Селта?

Селта го доби Лион 2:1 и тоа 60 минути беше со играч помалку. Триумфот им носи пласман во нокаут фазата од Лига Европа. Да видиме како го овековечија тој момент.

Спектаклот меѓу Данска и Франција во 3 минути, Гидсел со ролинг го реши мечот

Уште на првиот меч од втората фаза, мераклиите за врвен ракомет имаа привилегија да ги видат на дело актуелниот светски против актуелниот европски првак. Победи светскиот, Данска со 32:29. Ви го препорачуваме цел хајлајтс. Ова е дечки друго ниво на ракомет. Атомски, без здив. Обрнете внимание како Гидсел ги отпиша на 1 минута до крај. На својот начин, со ролинг, како да е најлесната работа во свет. Потоа фрлете и око на групата. Хаос е.

Ја имаме одбраната на првенството и тоа со шпага против Гидсел

Данска и Франција одиграа мега битка која ја доби домаќинот со 32:29. Погледнете ја вртелешката на Гидсел и одговорот на Чарлс Болзингер. За сега, ова е најјаката одбрана на Европското. Многу јак клип.

Како Шпанија го прокоцка финишот со 6 на 4?

Втората фаза го разгоре Европското во ракомет во групата 1, каде се наоѓаат главните претенденти за медалите. Норвешка ја совлада Шпанија со 35:34 после драмолетка во финишот. Шпанците со два играчи повеќе испуштија напад за реми на неверојатен начин. Последната акција беше решена со ВАР. Погледнете ја херојската одбрана на Педерсон, кој го заврши мечот со 11 гола.

Добар перформанс на Делии, Деки ги испофали за поддршката

Навивачите на Црвена Ѕвезда во голема бројка отпатуваа во Шведска, за да го бодрат својот тим кој со триумфот од 0:1 над Малме обезбедија пласман во нокаут фаза. Станковиќ како ѕвездаш, скроз ги испочитува.

Тинејџерот со македонски пасош ја однесе Ѕвезда во нокаут фаза

Црвена Звезда обезбеди пласман во следната фаза од Лига Европа, откако го доби гостувањето против Малме со 1-0 во 7. коло од Лига Европа. Голот за победа го постигна 17 годишниот Василије Костов, кој има македонско потекло и македонски пасош.

Комо ли е, Барса ли е?

Сеск Фабрегас фантастично го води Комо. Ја држат шестата позиција, а изминатото коло целосно го надиграа Лацио среде Рим и го декласираа со 0:3. Погледнете ги како држат топка. Скоро 50 додава направија, без да им ја земат.

Левандовски за односот со Клоп и емпатијата

„Со Јирген можев да зборувам за сè. Му верував. Тој е семеен човек и има огромна емпатија за тоа што ти се случува во приватниот живот“.

Јубилејниот гол број 100 на легендарниот бразилски голман

Рожерио Сени полни 53 години. Уникатна голманска фигура со 1.209 настапи, 20 трофеи, но и 131 гол. Роденденот му го честитаме со 100-от гол во кариерата. Мајсториште.

Спектакл на Велодром со Битлси

Навивачите на Олимпик Марсеј ја одбележаа тифо сцената во 7. коло од ЛШ. Во пресрет на мечот против Ливерпул, извадија кореографија со членовите на легендарната ливерпулска група Битлси, со порака на француски јазик: „Нека се повтори историјата“, наслов во весникот што го читаа „Битлси“) и „Марсеј, моја убавице, се зборови што совршено се спојуваат“, што е алузија на една од нивните песни.

Какво голчиште беше ова на Хансен

Ракометот ретко, многу ретко ни носи погодоци од слободен удар и тие се привилегија за гледање. Данска против Норвешка, квалификации за Олимписки игри 2016. Бомба на еден од најсилните бекови во светот кој ја заврши кариерата како европски, двократен олимписки и трикратен светски првак.

Собослаи со интелигенција од слободен удар ала Роналдињо

Ливерпул го совлада Олимпик Марсеј на гости 0:3 и ја запиша петтата победа во ЛШ после 7 кола. Доминик Собослаи сака да ви покаже нешто.

Агонија од паненка

Кристијан Завала од Коло Коло го изведе најлошиот пенал со паненка во историјата. Апсурден е начинот на кој се обиде да се извади, цел интернет му се смее.

Најлошиот обид за цепелин

Веројатно тоа му беше намерата или не? Мохамед Диуф од Виртус Болоња со изразито лошо додавање на мечот против Фенербахче во Евролигата.

Сегде нè има

Австралија опен, 2026.

Ливерпул убедлив на Велодром, Барселона најефикасна

Ноќ на фаворитите во вториот ден од 7. коло во Лига на шампиони. Баерн, Челси, Јувентус, Ливерпул, Барселона и Њукасл триумфално. Атлетик Билбао со пресврт го освои Бергамо, а единственото изненадување на вечерта го направи Карабах, кој го доби Ајнтрахт со гол во 94 минута.

Страшен спринт на Мбапе по цел терен и тоа во одбрана

Килијан Мбапе на мечот против Монако покажа што значи пожртвуваност за тимот кога ќе се загуби топка и противникот ќе тргне во контра. Погледнете го колку истрча и покрај тоа што не му е задача да се грижи за одбрана.

Дон Карло ја викна химната на Реал

Најуспешниот тренер во историјата на Реал Мадрид, на мечот против Монако беше гостин на Бернабеу. Опкружен во убаво друштво и расположен, Анчелоти ја запеа клупската химна, а потоа се разбира ја крена и легендарната веѓа.