Селекцијата на Зимбавме се наоѓа во Тунис на таканаречениот Голд Куп на кој учествуваат шест африкански земји, од кои само победникот оди директно на Светското првенство во Рагби кое се игра во Јапонија следната година.
Репрезентативците на Зимбабве биле изнерварни од условите во хотелот каде биле сместени па во знак на револт се решиле да преспијат надвор.
На тоа му претходело и 6 часовно чекање на аеродром бидејќи од нив се барало да платат за визи вкупно 600 евра или 20 евра по човек.
Од Рагби федерацијата на Тунис изјавиле дека тие немале никаква намера да го дестабилизираат противникот со кој е закажана средба во сабота во Беја, на 100 км од главниот град на Тунис.
Африканската рагби федерација како организатор на настанот им се извинила за непријатната ситуација и им рекле дека им е резервирано погодно сместување во градот каде ќе се игра мечот.