Според ЕСПН, финалето на Европското првенство во фудбал го гледале 6,48 милиони гледачи, а тоа се скоро 2 милиони гледачи повеќе од нивниот претходен рекорд кој им се случи кога Шпанија и Италија играа во финале на ЕП 2012.
Заедно со останатите 2,9 милиони гледачи на Унивизион, неделната битка на Вембли во САД ја гледале вкупно 9,4 милиони луѓе.
За споредба, за време на НБА финалето кое се емитува на сестринската тв Еј Би Си биле закачени 8,9 милиони гледачи на првите три меча во НБА финалето меѓу Милвоки и Феникс.
An average of 9.4 million people in the United States watched the European final.
— MLS Buzz (@MLS_Buzz) July 13, 2021
That outperforms the ongoing NBA Finals, which is averaging 8.9 million.
That’s insane.
Првото соочување го гледале 9,38 милиони, вториот 9, а пикот бил на третиот кога гледале 11,1 милиони.
Оваа победа на европскиот фудбал против американската кошарка, во САД, се должи на популарноста на МЛС, која сепак останува зад НБА.
Со оглед на тоа што Милвоки синоќа израмни на 2:2 и постојат големи шанси да има максимални седум меча со мајсторка, се очекува НБА финалето да го надмине финалето на ЕП.