Ентони Џошуа (31) го потврди звањето „еден од двајцата најсилни боксери на светот“ во тешка категорија, откако доцна синоќа го нокаутираше предизвикувачот Кубрат Пулев (39) кој месеци пред борбата упатуваше закани на адреса на Британецот.
Уште од стартот на борбата делуваше дека Џошуа може брзо да го финишира противникот, но борбата траеше цели 9 рунди кога Бугаринот конечно беше поразен на ССЕ Арена (стадионот Вембли од спонзорски причини се вика ССЕ Арена)
Пулев беше на прагот од пораз во 3. рунда кога Џошуа со неговото најсилно оружје - аперкатот, го здрма Бугаринот, но овој иако падна, се крена и успеа да го дочека гонгот за да се опорави.
Од тој момент во следните пет рунди Џошуа тотално го контролираше мечот, го држеше Пулев на дистанца со силни директи и внимаваше да не дојде до сензација со некој залутан удар на Пулев.
Конечно, во 9. рунда Џошуа со серија силни аперкати го оневозможи Пулев да пробува било што и во еден момент со десен директ го нокаутираше.
ANTHONY JOSHUA KNOCKS OUT PULEV BRUTALLY!!!! #JoshuaPulev pic.twitter.com/U2bB9XA92F
— Strictly Boxing Fans (@BoxingBritain1) December 12, 2020
Thanks for coming 💥 pic.twitter.com/zvDVXPNLwK
— Anthony Joshua (@anthonyfjoshua) December 13, 2020
На тој начин Британецот дојде до својот 24 триумф на 25 меча во професионалната кариера. За Пулев ова беше втор пораз во кариерата, прв уште од 2014-та кога во борба за светската титула изгуби од Владимир Кличко.
Ова беше прв дуел на Ентони Џошуа откако пред една година го победи Енди Руиз и си ги врати во своја сопственост четирите титули кои 6 месеци претходно Мексиканецот му ги презема со сензационален нокаут во Медисон Сквер Гарден во Њујорк (прв пораз за Џошуа во кариерата).
„Помалку муабет, повеќе акција. Се надевам дека сите беа задоволни вечерва. Се држев до она што најдобро го знам - боксување. Кој и да има појас којшто го сакам може да биде мој следен противник. Ако е тоа Тајсон Фјури нека биде така“, изјави Ентони Џошуа по победата.
Еве што му одговори секогаш ексцентричниот Тајсон Фјури кој го гледал мечот на телевизија:
„Го прашаа во живо дали го сака тој меч и почна да врти. Јас ја сакам таа борба. Ја сакам следна оваа борба. Ќе го нокаутирам во три рунди“, отворено рече Фјури во видео објавено на неговиот профил.
.@anthonyfjoshua it’s a matter of time..... ⏰ ⏰ ⏰ I’ll spank you like I did @BronzeBomber 2/3 rounds. #YOUBUMSOSER #letsgetiton pic.twitter.com/7m8A8Je0ui
— TYSON FURY (@Tyson_Fury) December 12, 2020