Поранешниот светски и европски првак Франција нема да треба воопшто да се грижи за позицијата лев бек во наредните 10-15 години, бидејќи во репрезентација имаат едно многу опасно и снажно момче.
Се вика Елохум Пранди, има 21 година, настапува за Ним, а за француската ракометна репрезентација дебитираше на Европското првенство минатиот месец. Детево е опкружено во фамилија со ракометари, но со оглед на тоа што го демонстрира на паркет, тие нема потреба да го туркаат во кариерата.
Оваа недела е дефинитивно негова и за само четири дена успеа да ја купи не само француската, туку е европската ракометна јавност, бидејќи на два меча по ред постигна два мајсторски голови кој не се за пропуштање. Но прво да видиме кој е уствари Пранди?
Роден е во Истрес, место на 60км од Марсеј. Татко му е Раул Пранди кој настапил со Франција на Олимписките игри во Атланта 1996, а мајка му Мезуела Сервиер е поранешен капитен на женската ракометна селекција на Франција. Што значи детево имало од кој да се инфицира со ракомет.
Почетоците му се во Иври каде тренер му бил српскиот стратег Растко Стефановиќ, кој на 18 години му дал шанса во прв тим на дури 24 натпревари во сезоната 2016/2017. Потоа одлучува да премине во Ним каде го потпишува првиот професионален договор. Во изборот добива мотивација плус, а тоа е тренерот Франк Моурис кој му паѓа кум.
Иако млад кој допрва треба да учи и да зрее, Пранди веќе одиграл две многу ветувачки сезони и постигнал 200 гола на 50 првенствени натпревари. За каков извонреден талент се работи покажува фактот што веќе на лето повторно менува клуб, кој се вика ПСЖ со кој потпиша до 2023-та.
Се работи за роден победник уште од млад кој четири години по ред со четири различни селекции освојувал медали од кои три златни. СП 2016 до 18 години – злато, ЕП 2017 до 19 години – злато, СП 2018 до 20 години – сребро и СП 2019 до 21 година – злато.
Одиме со двете главни причини кои не натераа да исчепкаме малку за минатото на оваа ракометна ѕвезда во подем. Прво голот со шрауба во ЕХФ Купот против Рајн Некар кој секогаш ќе не потсеќа на Индира. Го постигна пред пет дена.
И овој немилосрдно бомбастичен слободен удар од 12 метри против Кретеј во домашното првенство.
VÍDEO | Otra más. El francés @ElohimPrandi tiene uno de los brazos más potentes del planeta. ¡BOOOM! 🎥 @LidlStarligue pic.twitter.com/Wvc8fRbkRY
— Balonmano Actual (@BalonmaActual) February 13, 2020