Данскиот селектор реши да ги одмори главните играчи Микел Хансен и Матиас Гидсел, без Магнус Саугструп и Јаник Грин а Никлас Ландин не бранеше во првиот дел. Франција во 57 минута стигна до прво израмнување после долго време и во самиот финиш драматично славеше за пласман во полуфинале. Исланд испадна од игра.
Најефикасни кај триколорите беа Дика Мем и Иго Деска со по осум погодоци а Лен и Никола Карабатиќ постигнаа по три. Кај Данците прв стрелец беше Киркелоке со дури 10 гола а Холм запиша девет.
Полуфиналните дуели се во петок. Ќе се судрат Шведска - Франција и Данска - Шпанија во мегаспектакли.