Поради топовски удар врз голман, Интер без гостински навивачи до крај на март

Интер го победи Кремонезе на гости 0-2 но овој натпревар остана во сенка на фрлениот топовски удар близу голманот на домашните Аудеро кој остана да лежи на земја и да се држи за глава. Навивач на Интер во истиот момент сериозно повредил три прста поради втор топовски удар кој паднал до него. Поради ова министерството за внатрешни работи на Италија на итна средба донел одлука да забрани влез на навивачите на Интер на гостински натпревари сè до 23-ти март. Од ова е исклучено дербито Милан - Интер закажано за 8-ми март кога битката за скудето би можела да се разгори дополнително.

3 февруари 2026 - 14:46