- Шкендија слави голема победа во Конференциската лига против Слован Братислава од 2:0 на Градски и со тоа си ги зголеми шансите за пласман во следната фаза во третото по ранг натпреварување на УЕФА.
- Актуелниот македонски првак за триумфот заработи 400.000 евра, а исто така го подобри и коефициентот на Македонија на УЕФА-листата.
- Вкупниот ќар од европските настапи досега им е 5,5 милиони евра, досега невиден за македонска екипа.
- Во последното коло од лигашкиот дел од Конференциската лига, тетовци ќе гостуваат на АЕК Ларнака на Кипар, каде ќе им биде потребен само бод за сигурно продолжување во елиминациската фаза.
- ФК Тетекс утрово информираше дека Даниел Николовски го загубил животот во сообраќајна несреќа која се случила во текот на ноќта.
- Тетовскиот клуб ја потврди тажната вест за прераното заминување на 21 годишниот играч, кој беше нераскинлив дел од екипата.
- Николовски ги имаше поминато сите младински категории на Тетекс, по што својата кариера и верност кон клупските бои ја продолжи настапувајќи и за сениорскиот тим.
- Прашање на време беше кога најголемиот на сите времиња според многумина, ќе ја соопшти тажната вест дека се пензионира од репрезентативниот фудбал. Лионел Меси пред неколку недели и официјално се прости од репрезентативниот дрес на Аргентина и сега ќе ни биде тешко да се навикнеме на „гаучосите“ без магичната 10-ка.
- Меси преку официјално соопштение изјави дека се повлекува од репрезентацијата. Тој во 2022 ја носеше Аргентина до толку сонуваната титула Светски шампион.
- Во ситуација кога во репрезентативна пензија летово замина и стоперот Никлас Отаменди кој му беше заменик-капитен на Меси, сега капитенската лента ќе ја носи досегашниот трет заменик капитен, стоперот Кристијан „Кути“ Ромеро кој летово од Тотенхем премина во Атлетико Мадрид.