Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Разно
    • Кец у два
    • Навивачи
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • Фудбал
  • Кошарка
  • Ракомет
  • Разно
  • Кец у два
  • Навивачи
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Offside › Набрзинка

Многу скапи картите за Светско првенство во фудбал

9 декември 2025
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Сајтот Ticketdata tracker кој се занимава со проучување на цените за разни настани од концерти до претстави и спортски манифестации, во последното ажурирање на страната извади цени на влезници за некои натпревари од Светското првенство во фудбал 2026 кое ќе се одржи во САД, Мексико и Канада.
  • На пример цените за влезница за големото финале движат и кон 9.000 долари, за полуфинале карти се наоѓаат меѓу 2.712 до 2.381 долари. Да ја гледате Канада во група со една селекција која ќе дојде од баражите, на стадионот „БМО Филд“ во Торонто треба да одвоите околу 1.900 долари.
  • Картите за четвртфинални средби во моментов изнесуваат 1.768 и 1.749 долари во просек. За дуелот Шкотска - Бразил на „Хард Рок“ велелепниот стадион во Мајами цена на билет изнесува 1.312 долари. За дуелот САД - Австралија за карта треба да се одвојат 1.182 долари.
  • За Франција - Сенегал за најевтина карта на најдалечните места треба да се одвои 618 долари, за средба на Холандија против репрезентација од баражот во групна фаза цена на карта е 574 долари итн.
извор

Разочарувачка есен на најдобрите македонски клубови во Европа – седум натпревари, нула победи

15 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Македонските ракометни гиганти не ја започнаа европската сезона според очекувањата. Вардар и Пелистер, двата најтрофејни и најамбициозни македонски претставници на меѓународната сцена, по седум одиграни натпревари во европските купови сè уште немаат ниту една победа.
  • Билансот е загрижувачки: шест порази и едно реми. Вардар има четири порази во Лигата на шампионите, додека Еурофарм Пелистер во три настапи во Европската лига забележа два пораза и едно реми. Така, по првите европски предизвици, двата македонски претставници се најдоа во ситуација во која итно им се потребни подобри резултати.
  • Вардар изгуби од Мелсунген на гости 33-31, од Нант дома 32-33 и од Висла Плоцк дома во Скопје 26-32. Вардарци не освоија ниту еден бод иако против Нант дома и Висла во Полска имаа шанси во завршниците да избегнат пораз.
  • Еурофарм Пелистер игра во второто по ранг натпреварување, во Европската лига на ЕХФ. После 3 кола немаат триумф: изгубија дома убедливо од шпанска Ла Риоах 24-31, одиграа нерешено 31-31 на гости кај Вибжеже Гдањск а дома претрпеа тежок пораз од германски Гумерсбах 28-38.
  • Сево ова значи дека двата најгоелми и најтрофејни македонски клубови на вкупно 7 натпревари во Европа сезонава имаат дури 6 порази и само 1 реми. Без победа.
  • Притоа од еврокуповите е елиминиран и РК Тиквеш па во ЕХФ Европскиот Куп ќе играат Алкалоид, РК Охрид и РК Бутел.
извор

Сестрата на Роналдо: „Мали се шансите да се врати во репрезентација“

15 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Скандалот меѓу Кристијано Роналдо и селекторот на Португалија Жорже Жезус продолжува и натаму. Елма Авеиро, сестрата на Кристијано Роналдо, за кои многумина сметаат дека отворено пишува се што Роналдо мисли а не смее јавно да каже, ја коментирала напрегнатата ситуација.
  • „Тажна сум зошто јавноста во Португалија брзо забори на се постигнато во минатото и смета дека нештата во моментов треба да се развиваат на друг начин. Останав без мисли, ме боли да гледам кога брат ми преживува такво нешто. Тој е меѓу оние кои најмалку заслужуваат таков однос.
  • Шансите да се врати се скоро па минимални. Мислам дека и двајцата (Кристијано и Жорже Жезус) се засегнати од тоа што се случи. Тоа е епизода, преживана лично од нив и јас можам да зборам единствено од позиција на брат ми. Сметак дека ситуацијата во моментов е во слепа улица и претстои да видиме што ќе стане. Кога си предаден е многу тешко да се вратиш во нормала“, рекла Елма Авеиро.
  • Конфликтот меѓу Кристијано Роналдо, најдобриот стрелец во историјата на фудбалот и селекторот на Португалија Жорже Жезус изби на крајот од септември за време на репрезентативниот собир во Лигата на нации. Напаѓачот беше незадоволен што селекторот му рекол дека нема да настапи, па потоа го викна да се загрева 30-ина минути и на крај не го пушти во игра туку го врати на клупата за резерви. Без Роналдо Португалија забележа два важни триумфи: против Норвешка (1-2) и против Данска (2:4).
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Offside
1

Златен медал за македонска ракија во Лондон

2

Ние би му ставиле петка

Балканштина
3

Како да се пофалиш дека имаш два Мерцедеса

Балканштина
4

Дојде време да се укине престапната секунда

Занимливости
5

Репортажа од Македонија: Ова никако не го очекував

Разно
6

Дигиталниот идентитет во ЕУ ќе стане задолжителен пред банките

Свет
7

Изгубени во подесувањата

Балканштина
8

Како ќе изгледа возењето во новата Тесла

Возила
1

Омерагиќ: Сега ја плаќаме сметката на минатото неработење кога се плаќаше за место во младите репрезентации

Фудбал
2

Зошто Џордан никогаш немал желба да стане тренер?

Кошарка
3

Несторовски е хит во Хрватска, дава голови ко на лента

Фудбал
4

Нова атрактивна асистенција на Јокиќ

Кошарка
5

Моја е

Фудбал
6

Руни за заминување на Роналдо од репрезентација

Фудбал
7

Малер на колото

Кец у два
8

Аргентинците имаат уникатна страст за фудбал

Навивачи
* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Како да се пофалиш дека имаш два Мерцедеса

Балканштина

Ние би му ставиле петка

Балканштина

Изгубени во подесувањата

Разно

Репортажа од Македонија: Ова никако не го очекував

Македонштина

Во чест на легендарниот администратор на АМЦ

Балканштина

Нашите „Богати и славни“ стигнаа до Белград

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

10 работи што не ги знаеш за децата, сè додека не добиеш деца

Моќта на рускиот шамар

Лекторирајте го Груевски

Гркот Зорба и пеколот наречен Егејска Македонија

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy