- Додека Македонија ќе има тешка задача против Данска во Копенхаген во полуфинале на бараж за пласман на Светско првенство 2026, репрезентацијата на Италија ќе минува низ исто трнлив пат. Прво играат против Северна Ирска а победникот ќе игра против подобриот од дуелот Велс - Босна и Херцеговина.
- „Не смееме да ја направиме истата грешка како пред четири години против Македонија. Во модерниот фудбал нема лесни натпревари. Северна Ирска е селекција која може да ни направи проблеми. Мора да бидеме спремни да реагираме и да не паѓаме ако нешто негативно се случи. Играме за нешто толку значајно и целата земја е во исчекување. Мора да бидеме смирени и да бидеме со прав менталитет за земјата која што ја претставуваме и за овој дрес“, рекол Гатузо.
- Италија нема играно Светско повеќе од 10 години, верувале или не. Аѕурите ги пропуштаа Мундијалите 2018 и 2022. Последен пат играле нокаут натпревар на Светско првенство пред речиси 20 години, во 2006-та кога и станаа светски шампиони.
- Предводниците на Шкендија уште еднаш го допреа дното, откако со срамна фотографија го најавија дербито со Вардар, закажано за в сабота во Гостивар, преку која го навредија противникот, ФФМ, но пред сè сите христијани во Македонија.
- Според теолозите, ваквата презентација на светиот христијански симбол е огромна навреда, особено кога доаѓа од претставници на друга религија.
- Објавувањето на превртен крст со цел да се навреди христијанството е строго забрането според самото исламско учење. Но, навредувачите од тетовскиот тим не знаат дека со ваквото омаловажување на крстот како верски симбол истовремено направиле и грев во својата исламска вера, пишува Спорт1.
- Селекторот на македонската репрезентација, Кирил Лазаров, го објави поширокиот список од 35 ракометари кои ќе конкурираат за настап на почетокот од квалификациите за Европското првенство во 2028 година.
- Од оваа група, стручниот штаб дополнително ќе избере 16 ракометари кои ќе ги одиграат двата воведни натпревари. Првиот квалификациски дуел е закажан за 4 ноември (19 часот), кога Македонија ќе го пречека Луксембург, додека четири дена подоцна (8 ноември во 16 часот) нашиот национален тим ќе гостува кај Грција во градот Халкида.
- Прв повик доби натурализираниот Украинец, кој настапува за Пик Сегед Дмитро Хориха, како и Мартин Томовски кој брани одлично за Битигхајм. Сите други ракометари се од домашното првенство.