Тензични сцени во НБА, Дрејмонд Грин го давеше Руди Гобер

Во неизвесна битка Минесота го доби Голден Стејтс со 104:101. Уште не почнат мечот, додека на семафорот стоеше 0:0, Клеј Томпсон и Џејден МекДаниелс почнаа да се влечат по цел терен. Потоа влетаа и другите кошаркари, а тензијата ја зголеми Грин кој го зграпчи Гобер за врат. По прегледот на снимките, судиите ги исклучија Грин, МекДаниелс и Томпсон.