Навивач на Чикаго го тужи Роуз поради повредата

Бизарната приказна ни доаѓа од верен навивач на Чикаго Булс кој одлучи да поднесе тужба против Дерик Роуз, затоа што поради повредата која му трае цела сезона, тој од нервоза почнал премногу да јаде и да се здебелува.

25 годишниот Метју Томпсон кој по професија е електричар ја тужи ѕвездата на Чикаго Булс, Дерик Роуз, затоа што неговото долго отсуство од терените му предизвикало голема нервоза и емоционален стрес, па така тој почнал да јаде без мерка и драстично ја зголемил својата тежина.

Инаку Роуз поради големите проблеми со лигаментите ја пропушти целата сезона, а под знак прашалник беше и неговата кариера. Но тоа воопшто не го засега големиот фан на Булси кој си има свои маки и за тоа го обвнинува повредениот кошаркар.

Чикаго Булс во регуларниот дел од сезоната во источната конференција од НБА лигата заврши на петта позиција, а во пјел-офот ќе игра против екипата на Бруклин Нетс.

20 април 2013 - 23:34