Навивач на најголемото изненадување во фудбалска Европа на 15-ти август пред самиот почеток на Премиер лигата решил да стави 5 фунти (419 денари) дека Лестер ќе биде прв во Англија за Божиќ. Коефицентот бил 1.000, така што сега човеков 90 минути го делат од 5.000 фунти или 419.830 денари.