Фудбал

Коментаторот на Арена за Адеми: Ве молам станете да му се поклониме на овој човек

На македонскиот репрезентативец му беа потребни само 15 минути да го отвори резултатот на гостувањето против Ференцварош во квалификациите за ЛШ. Знаеме дека е играч од среден ред, ама кога ќе влезе во шеснаесетник се однесува како Луис Суарез.

Како Меси се спрема за кам бек

По одморот кој му следуваше подоцна поради настапите на Копа Америка, Лионел Меси се појави во базата на Барселона на 5 август, но се повреди уште на првиот тренинг. Додека неговите колеги се на подготовки во САД, тој прави внимателни вежби за да го врати повредениот мускул на највисок левел.

На таа пара сигурно нема за Интертото да се бори

Со освојувањето на Супер купот на Англија пред 10 дена, Пеп Гвардиола стигна до 28 трофеи за само 10 години тренерска кариера. Импресивно достигнување, но до некаде и логично кога ќе се пресмета колку многу пари вложиле за играчи, клубовите кои ги тренирал.

Поглупа игра во одбрана не можеа да одиграат

Голманот и дефанзивецот два дена не прават муабет со никој.

Опасен пас на Де Јонг со надворешна

Каква ќе биде Барселона сезонава со староседелците Меси, Суарез, Дембеле, Кутињо и новите Гризман и Де Јонг ќе видиме уште од петок кога ја стартуваат сезоната со гостување во Билбао. Инаку играа уште една пријателска со Наполи на која повторно Елмас одигра едно полувреме. Ги растурија 4:0.

Времето кога создававме Википедија во тефтер

Има заразени и заразени луѓе со фудбал, а на овие вториве не им е доволно само да го гледаат. Тие собираат сликички и полнат тефтери, па фиоките денеска им се едно убаво потсетување на детството кога немавме интернет или уште беше на почеток.

Ехо на трибини направи Даглас Коста со потегов

Често знаеше Алегри минатата сезона кога ќе прави измена да го стави во игра Даглас Коста. Кога на клупа држиш таква класа на играч, тогаш што е со првотимците. Уствари дечково кај е за на клупа. Погледнете ја оваа техника и брзина. Ќе ти го земе паметот.

Најшарлатанскиот потег во историјата на претсезонските мечеви

Колку и да копаме низ историјата џабе. Нема и не ќе се роди полош и поаматерски од овој на Марио Балотели пред осум години кога играше за Сити. Публика му свири, Џеко му се чуди, а Манчини во истиот момент го направи вистинскиот потег. Го извади од игра без око да му трепне, а овој па уште му се буни, демек што направил лошо.

Австрија уште во трето коло го доби голот на сезоната

Сваровски Тирол и Сент Полтен го заокружија третото коло од австриската прва лига со резултатот 1:1. Гостите израмнија преку Михаел Амбихл кој уште на старт постави високи стандарди во прогласувањето на гол на сезоната.

Нови два комада на Нестогол

Македонскиот голгетер Илија Несторовски одлично ја темпира формата пред стартот на Серија А која почнува на 24 август. Удинезе го совлада нисколигашот Сан Луиџи со 9:2, а Иле погоди во 30-та и 34-та минута.

Фасцинантни бројки од едногодишното маркетиншко работење на ФК Осогово

Само пет дена откако пишавме дека се најмодерен македонски клуб во однос на тоа како се работи на интернет, само уште еднаш ни ја потврдија перцепција за нив. Друг клуб не ни излегува со вакви податоци за сопствената промоција.

Навивачите на ПСЖ: "Neymar, hijo da puta"

Плукаше по судии, па го казнија, па се повреди, па излезе видео од хотелска соба како се тепа со старлета (она го мава) која инаку го обвини дека ја силувал, па каснеше во Париз на подготовки за да се види дека се зеза по плажи. Човеков е тешка гњаважа, а зборот „професионалност“ кај него повеќе не постои. Сега го поврзуваат со заминување не само во Барса, туку и во Реал.

Јапонката што ја издрибла пола Северна Кореја

Видеово е старо од 2010-та, ама епско за азискиот фудбал и младинските мундијали. Ја имаме Куми Јокохама од Јапонија на која се обидува да и ја земе пола селекција на Северна Кореја. Се работи за светско првенство за фудбалерки до 17 години. Ги изора како нива.

Твит на денот за високиот триумф на Манчестер Јунајтед

Откако паузираше цела година од тренирање, Жозе Мурињо нема тренерски ангажман ниту оваа сезона, но затоа почна да работи како стручен коментатор за Скај Спортс. Деби за анализа му беше Манчестер Јунајтед - Челси, по што Гери Линекер се отвори со јак штос.

Како тргнал малиов, ќе растура за Атлетико

Иако Атлетико не важеше за клуб кој фука по толку многу пари за еден играч, сепак Жоао Феликс им е исклучок вреден 120 милиони евра од редовите на Бенфика. Детево, родено 99-та, има страшен голгетерски инстинкт. На Јуве му даде два комада за 9 минути. И двата јаки голови на прва.

Како ли успеа вака сам да се повреди?

Не се сеќаваме да сме виделе голман да ја рогне и потоа да легне на земја со грч на лицето. Но да не јадеме гурабии, Клоп веќе даде изјава дека Алисон Бекер го изнеле со количка и дека не изгледал добро. Дали е истегнување или нешто друго, ќе кажат лекарите.

Голот на сезоната во ЛШ е овој лудачки еврогол на Меси

Европската куќа на фудбалот го сподели на Твитер голот кој е прогласен за број 1 на сезоната 2018/2019 во ЛШ. Се работи за слободниот удар против Ливерпул во полуфинале кој не го фаќаа тројца голмани.

Кога Инѕаги се местеше со нога, ама ја даде со глава

Само Пипо Инѕаги знаеше да биде ваква пргава, снаодлива и необична 9-ка во шеснаесетник. Сам на себе успеа да си направи асистенција и тоа во дуел со Кан од два метра. Легенда :). 

Во Арсенал ќе одиш а? Епа отиде кафаната

Додека цела медиумска машинерија труби за Нејмар, Икарди и други ѕвезди кои се очекува летово да сменат средина, Давид Луиз изненадно го крена дресот на Арсенал и ги налути навивачите на Челси.

Срам не изеде само што го видовме ова

Торино го попари Шахтјор Солигорск 5:0 во квалификациите за ЛЕ, а еден од Белорусиве се струполи на земја од мака, кога виде каков кикс направи пред гол.

Роберто Карлос сака да ви покаже нешто на 46 години

Пред 22 години, човекот кој важи за еден од најбрзите и најславни бекови, го изведе најневозможниот слободен удар со чудна траекторија. Да видиме што може он сега додека е во пензија, кога на гол му стои Виктор Баија.

Нова мајсторија на Тричко, овој пат со глава

По четирите комада против Левски Софија на гости, Иван Тричковски ја продолжува голгетерската форма и во третото коло од ЛЕ. Овој пат стрелаше дома против Гент во 88-ма минута и со тоа го спаси својот тим од пораз.

Како тоа му ја протна кроз нозе со грб?

Невообичаениот дриблинг на денот ни доаѓа од Исланд, каде внимавајте добро што направи играчов по име Стивен Ленон. Ја прими со грб и со тоа му ја протна низ нозе на противникот, а потоа ја дувна во агол. Па има ли појако?

Страшна еуфорија за Лукаку во Милано во 2 по полноќ

Се зборува за трансфер од околу 75 милиони евра и годишна плата од 9 милиони евра. Ромелу Лукаку е нов напаѓач во редовите на Интер предводен од Антонио Конте. Навивачите пресреќни, место во кревет, во ниедно време заминаа на аеродром и побудалеа кога го видоа.