Фудбал

Шајката на Адејеми

Од атрактивни голови вечерва во Лига на шампиони, за издвојување е оној на Хулијан Алварез на мадридското дерби. Но и на Карим Адејеми воопшто не е лош.

Реал ja доби првaтa битка против Атлетико, ПСВ бадијала ќе патува во Лондон

Дури 17 гола паднаа на првите четири осминафинални средби од ЛШ. Осум од нив во Ајндховен, каде Арсенал го нокаутираше ПСВ со 1:7. Гостински триумф бележи и Астон Вила против Клуб Бриж, а мадриското дерби ќе се решава на реваншот. Борусија не успеа да ја оправда фаворитската улога против Лил.

Голчиште и пол на Алварез на Бернабеу

Убав старт на првите осминафинални дуели од Лига на шампиони. На сите вечерашни средби има голови на полувреме. Реал Мадрид поведе на дербито против Атлетико со голот на Родриго уште во 4 минута. Одговори Хулијан Алварез со прекрасен погодок.

Најшмекерски пенал на сезоната

Во 5. рунда од ФА Купот, Борнмут на пенали го совлада Вулверхемптон во натпревар кој имаше неколку чудни епизоди. Домаќините први поведоа преку Еванилсон во 30-та минута. Гостите израмниле со прекрасен еврогол на Матеуш Куња во 60-та минута но токму истиот играч во продолженијата во 120-та минута доби директен црвен картон откако со тупаници удри противнички фудбалер. На пеналите Ватара од Борнмут шутирал во стилот на Бепе Сињори на времето.

Жена што може, маж не може - па ни во фудбал

На дуелот УАНЛ Тигрес- Гвадалахара во мексиканската женска фудбалска лига кој завршил 2-0, Лизабет Овале постигнала прекрасен гол каков што досега не е виден во машки фудбал.

Да се потсетиме каков уметник беше Андреа Пирло

Виртуоз каков што ретко се гледа. Со топката знаеше да се потпише.

Грилиш држи добра форма навечер, ама во град

Три титули по ред во Премиер лига, ФА Куп, Лига на шампиони, Супер Куп на УЕФА, Светско клупско првенство, плус 300.000 фунти неделна плата. На Џек Грилиш изгледа му збогтиса од фудбал на само 29 години. Се клати со пиво по улици, а инаку не можеше да се отрезни на последните неколку прослави на Манчестер Сити.

Го видовте ли новото правило за голмани во фудбал?

Меѓународниот одбор на фудбалски сојузи (IFAB) кој има надлежност за правилата во фудбалот, донесе ново правило кое би можело и тоа како да ја смени динамиката во оваа игра.

Кошмарот на Петр Чех се викал Вејн Руни

Легендарниот голман на Челси во кратки црти опишува од каков калибар бил Руни и што сè правел на терен, кога ќе дојде редот да играат против Манчестер Јунајтед. Најкратко кажано, не те остава на дишеш.

35 години од најчудниот гол во Англија, кој никој повеќе не го повтори

Стрелец е Гери Крозби од Нотингем Форест, а брани Енди Дибл од Манчестер Сити. Фудбалот не памети ваква снаодливост на друг играч и покренува дебати. Но сепак е признат, бидејќи тој нема никаков контакт со голманот.

Лука Јовиќ во Малдини фазон

Интересен клип излезе од мечот Милан - Лацио 1:2, конкретно од Лука Јовиќ. Српскиот напаѓач влезе во игра во 83 минута и одработи во одбрана за сите пари.

Ако не па да го зголемиме голот за тебе?

Без разлика на конкуренцијата, прва, втора или трета лига, не можеш да промашиш вакво нешто. Едноставно ја имаш, во трк си, додавањето е одлично, ногата ти е адекватно поставена, а ти ја дуваш кај пченките. Се работи за второлигашки меч во Полска.

ВАР поништи кандидат за гол на сезоната против Јувентус

Јувентус ја совлада Верона 2-0 во последниот меч од колото во Серија А но бјанконерите имаа и многу среќа. Во првиот дел Словакот Томаш Сушлов постигна прекрасен гол од далечина и гостинските навивачи славеа на големо. Но набрзо главниот судија го поништи погодокот поради претходен офсајд во акцијата.

Една подзаборавена мајсторија на Пикси по повод неговиот 60-ти роденден

На 3 март 1965 е роден Драган Стојковиќ Пикси, една од најголемите фудбалски легенди на овие простори. Не ја фати европската титула со Црвена Ѕвезда, бидејќи во 1990-та замина во Олимпик Марсеј, но остави голем белег на Маракана. Белградскиот тим денеска потсети на еден негов корнер, изведен на 81-то дерби против Партизан.

Баерн убаво се опушта пред големите мегдани

Хари Кејн и Томас Милер играа една интересна друштвена игра, како загревање за она што ги чека во среда вечер во првиот меч од Лига на шампиони против Баер Леверкузен во осминафинале на „Алијанц Арена“.

Нервозата и неспортскиот потег на Жоао Феликс после пеналот на Педро

Продолжува кризата на Милан и со Серџо Консеисао. Имаат три порази во низа и на последниве 6 меча ја победија само Верона, плус елиминирани се во ЛШ од Феенорд. Синоќа загубија дома од Лацио 1:2, со гол од пенал во 98-ма минута и беа во подредена улога. Погледнете го бесот на Жоао Феликс после реализираниот пенал на Педро. Не му дозволи да се радува на играч од гостинската клупа.

Бекам за тренинзите на Меси во 6 сабајле

Во едно гостување во подкастот кај Рио Фердинанд, легендарниот Дејвид Бекам раскажува од прво лице за тоа што го видел со Лионел Меси во Интер Мајами. „Сите мислиме дека тоа е само природна дарба и тоа е тоа. Ама не, Меси станува и доаѓа во 6.50 во вежбална а таму нема никој, само еден човек“.

Старт без памет на дербито Динамо - Хајдук

Најголемото хрватско дерби меѓу Динамо Загреб и Хајдук Сплит и италијанско на клупата (Канаваро vs Гатузо) заврши 2:2. Стефан Ристовски беше асистент за првиот гол, но во 62 минута доби втор жолт картон. Црвен доби и неговиот соиграч Нико Галешиќ во длабокото судиско продолжение. Прекршокот врз голманот Лучиќ му беше за никаде.

Фудбалер од Гамбија се кандидира за гол на сезоната во Македонија

Не е дека секое коло имаме привилегија да гледаме вакви голчишта во мак фудбалот. Маронг Оусман од Силекс на мечот Струга Трим Љум (2:0), не на еден, туку на двајца им ја протна низ нозе, а потоа велемајсторски го реши и голманот. Камп Ноу е ова или Кратово? 

Неправда за фудбалот е што ова не влезе во гол

Не знаеме уште кој го има голот на колото, ама знаеме кој сигурно ќе го заслужеше тој епитет ако Флоријан Лежeн од Рајо Ваљекано имаше барем малку среќа на дуелот против Севиља кој заврши 1:1. Каков гол на колото, ова ќе беше гол број 1 на сезоната во Шпанија. Ќе ја искршеше пречката.

Ново шоу на Нејмар, мајсторија од слободен удар

Бразилецот дома си е свој дефинитивно. Откако се врати во својот роден клуб Сантос, на 7 меча има, пазете: 3 гола и 3 асистенции. Синоќа на мечот Сантос - Ред Бул Брагантино, Нејмар уште во 9' минута постигна преубав гол од слободен удар.

Тренерот на Лион кој го водеше Милан би можел да добие казна 7-месеци

Новиот тренер на Лион, Португалецот Пауло Фонсека кој до пред неколку недели го водеше Милан, се соочува со драстична казна во францускиот фудбал откако направи незапаметен скандал и му се сипа во лице на главниот судија на мечот Лион - Брест Беноа Мило. Во Лига 1 Лион славеше 2-1, но како што пренесува француски РМС Спорт, Фонсека може да добие опасна казна поради тоа што се изгуби на теренот и агресивно го нападна судијата.

Нов гол на гранде Елиф Елмас

Трет настап, втор гол на Елиф Елмас во дресот на Торино, кој брзо покажа колку му недостигала Серија А. Претходниот меч против Болоња, овој пат за гостинска победа над Монца од 0:2. Плус одигра 90 минути за прв пат после 22 месеци.

Господинот Пеп Гвардиола

Манчестер Сити одново си играше со нервите на своите навивачи откако во 5. рунда на ФА Купот Сити губеше 0-1 од последнопасираниот тим во втората лига, Плимут Аргајл. За среќа по Гвардиола и екипата, младиот Нико О'Рајли постигна два гола а Кевин Де Брујне и Сити победи 3-1 за пласман понатаму. На крајот од мечот Гвардиола ги поздравил гостинските навивачи кои поминале околу 450 километри да го бодрат својот тим.