Фудбал

Малоумник на сезоната

Во Турција има многу откачени фудбалски сцени. Ама ова што се случи во аматерска конкуренција, нема врска со фудбал. Прво го клоцна меѓу нозе, а потоа во глава, на што судија се исплаши и веднаш повика докторски тим. Идиот.

Унион Берлин постави женски тренер, за првпат во историјата на европскиот топ фудбал

Младата Марија-Луиза Ета стана прв женски тренер на машки фудбалски клуб во најдобрите европски лиги и ќе ја води екипата во Бундеслига најмалку до крајот на сезонава.

Невозможно глупав и несреќен автогол во Парагвај

Тргнавме вовед да пишуваме, за да ви објасниме што се случи, ама нема потреба. Ова сега, па пак за 200 години.

Опасен податок за Атлетико Мадрид во ЛШ

Барселона подобро нека не се занимава со статистиката на противникот пред вечерашниот реванш четвртфинален дуел од ЛШ, откако дома загуби 0:2. Замислете, Атлетико под водство на Симеоне, никогаш не загубил нокаут меч на домашен терен. Учинокот им е 11 победи и 6 нерешени, со гол разлика 26:5. Страшно. Последниот пораз им е во 1997-ма.

Дај ми ја да видиш дека е лесно да се погоди од 60 метри

Мајкл Фреј од Грасхоперс, напаѓач со големо искуство собрано и во Англија, Германија, Франција, Белгија и Турција, покажа пример како може гол од своја половина да изгледа лесна работа.

Јуначка игра на Доминик Калверт Луин на гол линија

Лидс стигна до голем триумф против Манчестер Јунајтед (1:2), прв на Олд Трафорд после 1981-ва година. Резултатот кој им е од голема полза во борбата за опстанок, додека за избраниците на Карик ова е компликување во борбата за ЛШ. Доминик Калверт Луин го спаси својот тим во финишот од средбата и тоа на два пати.

Рабона за гол на сезоната

Во Мароко, на средба меѓу лидерот на табелата МАС Фес и Видад, стопер на домашниот состав дал невозможен гол со рабона. Главен кандидат е за гол на 2026-та ако се гледаат реакциите.

Два нови гола на Миовски, Ренџерс во поход по титулата

Фудбалерите на Ренџерс направија голем пресврт откако губеа 2-1 кај Фалкирк на гости а на крај славеа со несекојдневен резултат 3-6. Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски кој влезе на старт на вториот дел како резерва од клупата, постигна два гола, во 58-ма минута и во 89-та.

Имаме поинакви ножички од сите други на светот

Мохамед Шериф од Ал Ахли направи нешто, што можеби и не му успеало на никој друг во фудбалот. Ама битно е добар. Одма стана. Други би лежеле.

За цинизмот на Рафа следува картон

Милан клизна дома со Удинезе (0:3) и не само што ја загуби трката за Скудетото, туку загрозено му е и четвртото место кое води во ЛШ, бидејќи има само +3 од Јуве. Рафа Леао направи груб фаул и почна цинично да му аплаудира на судијата. Овој му врати со аплауз и жолт картон.

Автогол на Порто во Лига Европа од преку 40 метри

Порто и Нотингем Форест ремизираа 1:1 во првата четвртфинална пресметка од Лига Европа. Головите паднаа во 11 и 13 минута. И двата ги постигнаа домаќините. 20 годишниот Мартим Фернандес ја оплеска од скоро пола терен.

Романија се простува со фудбалскиот татко Мирчеа Луческу

Од Георге Хаџи преку Попеску, Мариуш Лакатуш, Даниел Станчиу и многу други легендарни фудбалери и функционери од Романија вчера и денес се простуваат од нивниот фудбалски татко Мирчеа Луческу. Легендарниот романски тренер почина на 80-годишна возраст само неколку дена откако ја водеше Романија во баражот за Светско првенство против Турција во Истанбул.

Абе какви носилки, дојди кај чичо

За време на дуелот меѓу Кјапаз и Габала (0-2) во 27. коло од фудбалското првенство на Азербејџан, лекарот на домашниот тренер знаел како да се справи со повредениот Рахман Гаджиев во 80' минута.

Диего Симеоне со големи почести зборуваше за Гризман

На прес-конференција после натпреварот меѓу Барселона и Атлетико Мадрид кој гостите го добија убедливо 0-2 во четвртфинале на Лига на шампиони, Диего Симеоне имаше посебно обраќање до својот сакан играч Антоан Гризман. Французинот по крајот на оваа сезона си оди од Атлетико каде стана права клупска легенда со најголем број постигнати голови во историјата на клубот.

Врвните дриблинзи на Ламин Јамал со Атлетико

Атлетико Мадрид го олади цел „Камп Ноу“ откако со 0-2 ја совлада Барселона во четвртфинале на Лига на шампиони. Хулиан Алварез постигна прекрасен еврогол од слободен удар а Норвежанецот Сорлот го докусури ривалот пред реваншот. Ламин Јамал имаше одлични потези но залудно синоќа.

Добро, како им текнува?

Ова или го направил некој љубоморен навивач на Барса или некој што нема работа по цел ден. Не дека Чоло не паркира автобус, сме виделе 200 пати, ама статистиката и резултатот не го отсликуваат ова вчера.

Барселона и Ливерпул потклекнаа, еврогол на Хулијан Алварез

Атлетико Мадрид стигна до голем резултат на првиот четвртфинален меч од ЛШ. Ја урна Барса на гости со 0:2. Хулијан Алварез го има голот на вечерта. Црвен за Кубарси во 44 минута. ПСЖ со идентичен резултат го доби Ливерпул со головите на Дуе и Кварацхелија.

Мењаме дрес на Италија за дрес на Канада

По новото мундијалско фијаско на Италија, трето по ред, фудбалската репрезентација на Канада почна со кампања за менување дресови. Даваш италијански, добиваш канадски. Одзивот е огромен, луѓе чекаат во редици. Во Канада, италијанското население брои 1,5 милиони луѓе.

Поранешниот дом на Марадона e претворен во народна кујна

Секоја недела, стотици луѓе се редат за да наполнат пластичен сад со храна на неочекувано место, во дворот на скромниот дом каде што е роден Диего Армандо Марадона.

180 навивачи на Баерн си изнајмиле авион за дуелот со Реал Мадрид

Кога сфатиле дека карта до Мадрид и назад ќе ги чини 900 евра, 180 навивачи на Баерн Минхен собрани под знамето “Red Bulls Taubenbach” решиле да се организираат сами. Нашле авио компанија која за нив специјално организирала чартер лет кој го платиле 475 евра по лице. Повратна карта. Дојдоа, видоа, издоминираа и си отидоа.

Дрогба vs Видиќ, какви дуели беа тоа

Едниот легенда во нападот на Челси, другиот легенда во одбраната на Манчестер Јунајтед, во време кое и двете екипи беа силни со шампионски аспирации. До крвои се роваа. Страшно ривалство.

Кажете ни дека ова е со АИ правено?

7 април: Реал Мадрид - Баерн Минхен, четвртфинале во ЛШ на Бернабеу.

Што луд гол падна во Полска

Во полската фудбалска Екстракласа после 27 одиграни кола разликата од вториот до 16-от на табела е само 9 бода. За титула горе се борат Лех Познањ (45 бода) и Јагелонија и Гурњик Забже кои имаат по 42 бода. За опстанок долу се болат Арка Гдиња и Легија Варшава по 33 бода. Арка синоќа славеше 3-1 против Заглембје со прекрасен погодок на Себастијан Керк во 45' минута од слободен удар.