Фудбал

Барса веќе мисли и на наследник на Јамал

Што школа ќе беше Ла Масија? Расадник на таленти поставен со здрави темели уште од времето. Не живеат тие од денес за утре. Како што еден ден заврши ерата на Меси, така ќе биде и со Јамал, па мора да има и следен. Погледнете го малиов.

Роналдо почна сам да си прави муабет

Ал-Наср не успеа да го мине полуфиналето во Азиската Лига на шампиони. Елиминиран е од Кавасаки со 3:2. Камерите по мечот фатија чуден момент. Кристијано Роналдо сам со себе си го објаснуваше поразот.

Блиц прашања за Пандев на тема Интер

Гол Италија ја начека нашата легенда на Меаца и почна со прашања кои се однесуваат на Интер 2010 и Интер 2025. Горан даде логични одговори.

Комшија си ми влегол во дворот

Париз доби уште еден прволигаш во француската Лига 1 откако ФК Париз чии сопственици е најбогатото европско семејство Арно кое ја држи империјата Луј Витон се пласираше од втора во прва лига. Интересно е што сега ќе има градско дерби ПСЖ - Париз. Интересно, ФК Париз од скоро го изнајмил на долги години стадионот „Жан Буен“ кој е на само неколку метри и една улица од прекрасниот „Парк на Принцови“ на ПСЖ.

Манчестер Јунајтед во Премиер лига vs Манчестер Јунајтед во Лига Европа

Многу чудна сезона игра Манчестер под водство на Аморим. Можеа да испаднат од лига ако продолженија така, а сега се блиску до европски трофеј и пласман во Лига на шампиони.

Магијата на Турам против Барселона - најбрз гол во историја на полуфинале на ЛШ

Во најдобриот фудбалски натпревар сезонава во Европа, Барселона и Интер ремизираа 3:3 на „Олимпискиот стадион“ на Монжуик. Италијанскиот тим прв дојде во водство уште во 30' секунда по сјајниот потег на Французинот Маркус Турам кој со пета го матираше Шчесни.

Мурињо за емотивната разделба со Интер

Непосакуваниот збогум од страна на двете страни се случи на 22 мај 2010-та и тоа веднаш по финалето на Сантијаго Бернабеу против Баерн, кое Интер и Пандев го добија со 2:0. Жозе практично останал во Мадрид за да потпише, бидејќи вели дека ако се врател во Милано да слави, таму и ќе останел.

Прекрасната атмосфера во Бетис и Билбао

Шпанците уште една покажаа дека се лудо вљубени во фудбалот. Синоќа во Билбао, во првиот полуфинален меч од Лига Европа, домашниот Атлетик изгуби од Манчестер Јунајтед неочекувано убедливо 0:3 но околу 53.000 навивачи во текот на целиот натпревар и после него, ги бодреа своите миленици. Во Бетис, во првото полуфинале од Лига на Конференции, домаќинот со 2-1 пред скоро 60.000 гледачи ја совлада Фиорентина. Пред мечот зелено-белите извадија прекрасна кореографија.

Меси, Роналдо и Јамал на 17 години

Веќе има освоено Ла Лига, Копа деј Реј, Супер Куп на Шпанија и плус Европско со репрезентација. Некако прерано е ова што му се случува на детево. Не паметиме со друг вака да било. Погледнете ја статистикава.

Ракета на Антони на волеј

Бетис ја доби првата полуфиналната пресметка со Фиорентина во Конференциска лига со 2:1. Ново голчиште на Антони, кој игра во топ форма. Iма дадено повеќе голови на 19 меча за Бетис, отколку на 72 за Манчестер Јунајтед. Другиот го постигна Абде Езалзули кој за влакно не го изеде срамот. 

Бекам ли е, Хари ли е?

Очајниот Манчестер Јунајтед сезонава во Премиер лига е многу блиску до финале во Лига Европа. Со три комада уште во прво полувреме, победи 0:3 на многу тешко гостување во полуфинале против Атлетик Билбао. Два даде Бруно Фернандеш и еден Каземиро. Цел Твитер е полн со Хари Мегваер и она што го одигра по крило за првиот гол. Бруно е најјак, на Инстаграм му го оставил следниов коментар: Харолдињо.

Јамал дробел уште на 12 години

И после ќе се чудиме за ова што го прави сега на 17. Во клип од 1 минута сè ќе ви стане јасно.

Спектакл во Барселона, Интер јуначки во Каталонија

Првиот натпревар од полуфиналето на Лига на шампиони меѓу Барселона и Интер заврши спектакуларно со шест гола. Нераѕурите водеа со 0-2, Барселона се врати, на крајот конечни 3:3 како најава за неизвесен реванш.

Кореографијата на Арсенал од Тему да не ја нарачале?

Стигаат до полуфинале во Лига на шампиони после 16 години и вадат кореографија како да е ова пријателска против Свонси, 1940-та.

Говорот на Стоичков во соблекувалната на Македонија

Фудбалот и хуманоста победија во Варна. ФФМ објави видео од атмосферата во соблекувална пред пријателската меѓу легендите на Бугарија и Македонија. Ѓоко Хаџиевски му се заблагодари на Христо Стоичков за организацијата, а поранешниот ас на Барселона рече: „Политика нас не не интересира. Ние сме биле пријатели како на теренот, така и надвор и ќе останете пријатели цел живот. Ние сме браќа, тоа е она што е најважно за мене“.

Како Ханси Флик направи чудо со Барселона?

Ханс-Дитер Флик ја презема Барселона кога други бегаа и се криеа од управувачкиот хаос кој владееше на „Камп Ноу“. Прогнозерите и предвидуваа на Барселона втора сезона без титула. И покрај тоа, Барса во моментов е најјака европска екипа, освои два трофеи до мај месец и се бори за уште два!

Во Црна Гора пак падна автогол-пишијада

Во Црна Гора често има многу смешни голови и автоголови, а таков еден сега падна и од 31. коло од црногорската Прва лига на мечот меѓу Отрант Улцињ и Јединство Бијело Поље кој завршил 2:2. Овие две екипи се борат за опстанок. Отрант е на последно место со 28 бода а Јединство е на осмо место кое води во баражот за опстанок и има 35 освоени бода.

Клоп 2024 vs Слот 2025

Едниот го најави другиот на заминување. Другиот ја заврши мисијата успешно и му возврати. Господски потег и на двајцата.

Нејмар дерман нема откако шамани му правеа магија

Пред речиси секој домашен натпревар на Перу во квалификациите за Светско првенство или за Копа Америка, група шамани прават некаков си ритуал против најдобрите противнички фудбалери. Еднаш правеа „ху-баба-ху“ преку слики на Нејмар. Од тогаш славниот Бразилец пропуштил 527 дена надвор од терените за клуб и репрезентација поради разни повреди.

Очаен шут и очајна глума на Мартинели

Ако треба да се издвои најслаб играч на првото полуфинале од ЛШ меѓу Арсенал и ПСЖ, тоа сигурно е Габриел Мартинели. 0 голови, 0 асистенции, 0 дриблинзи, две големи шанси, една глума и еден шут во небо.

Трите 100% шанси на ПСЖ

Донарума на два пати вечерва го спасуваше ПСЖ да не прими гол, но и на другата страна се редеа чисти шанси за гол. Дезире Дуе, Бредли Баркола и Гонзало Рамос ги имаа најзрелите за тимот на Луис Енрике.

Двете извонредни интервенции на Донарума

Нова перфектна партија на Џанлуиџи Донарума кој на Емирати блесна без примен гол. Имаше пет одбрани против Арсенал, од кои две клучни во дуел со Мартинели и Тросард. Чисти голови спаси. Јунак.

ПСЖ го освои Лондон и се доближи до финалето

Шампионот на Франција оствари голема победа на Емирати и со минимална предност влегува во реванш полуфиналето од ЛШ, кое се игра веќе следната недела.