Фудбал

Луѓе, да не е видео игрa ова?

Се нагледавме сезонава чудесија од преубави голови, ама вакво нешто прашање е дали имаше. На мечот Сеул - Чонбук 2:3 гостинскиот фудбалер Бјунг-Кван Чеон постигнал страшен гол. Дефинитивно треба да добие награда за најубав гол на сезоната.

Шефе, пушти ме, играм сега

Пред почетокот на големото белградско дерби Црвена звезда - Партизан (3:2), Габонецот од Звезда Гелор Канга бил нервозен во преголемите градски гужви. Му се пожалил на еден полицаец да го пушти. Брате ај плеј нау му викал Канга.

15 години од лудиот меч на Аршавин кој му даде 4 на Ливерпул

На „Енфилд Роуд“ низ историјата играле најдобрите фудбалери во светскиот фудбал. Таму паѓале секакви голови, ама ретко кој направил хаос како Русинот Андреј Аршавин кој за време на дербито Ливерпул - Арсенал кое заврши 4:4 постигна четири гола!

Сакаш од моја половина да те лобувам?

Натпревар од прва лига на Јужна Африка меѓу Сехухуне и Кејп Таун Спарс. Победа на домаќините 1-0 со гол од преку пола терен на 18-годишниот Асехо Тивани во 52’ минута.

Лоб од соништата

Со 10 шампионски титули, 6 освоени Купа и 1 Лига Куп, Сент Етиен важи за еден од најтрофејните француски клубови. Ама во последните години се соочува со резултатска и финансиска криза па игра во втора лига. Сега на 4 кола пред крајот имаат одлична шанса да се вратат во елитната Лига 1. Синоќа губеле 0-1 од Бордо и имале играч помалку но со голови во 90+1’ и 90+4’ минута славеле 2-1 за огромни три бода.

Пеп Гвардиола лут и бесен за календарот

Манчестер Сити во средата одигра крајно исцрпувачки меч од 120 минути, продолженија и пенали со Реал Мадрид во 1/4 финале на Лига на шампиони. Во саботата напладне играше против Челси во полуфинале на англиски ФА Куп и победи 1-0 со гол на Бернардо Силва во 84’ минута. Сите играчи на Сити и Пеп Гвардиола се шокирани како е можно некој да нема усул за здравјето на играчите.

Сте виделе хет-трик од вадени топки на линија?

Лестер Сити го победи Вест Бром 2-1 и направи огромен чекор кон враќање во Премиер лига. „Лисиците“ се први со 91 бод, Ипсвич Таун е втор со 89 бода, а Лидс Јунајтед е трет со 87. Десниот бек на Лестер Хамза Чаудури направи нешто што не е видено досега на терените: три пати спасуваше гол на гол-линија.

Волеј на вечерта

Во 16. коло од најдобрата мексиканска лига МХ, Тигрес убедливо славел 5-2 над Некакса. Хет-трик имал Марсело Флорес а еден гол дал и сјајниот ветеран од Франција Андре-Пјер Жињак.

Два нови гола за Меси, еден и за Бускетц

Интер Мајами со 3-1 го совлада Нешвил и после 10 одиграни меча е прв на табела со 18 бода, иако ривалите во МЛС лигата имаат по еден или два меча помалку одиграно од нив. Лионел Меси постигна два гола а имаше и асистенција за погодокот на неговиот другар и соиграч од времето во Барселона Серхио Бускетц.

Нов прекрасен гол на Бојан Миовски против Селтик

Буквално на самиот почеток на големото полуфинале од Купот на Шкотска меѓу Абердин и Селтик, македонскиот репрезентативен центарфор постигна прекрасен гол за 1-0. Ова е втор гол на 24-годишниот Штипјанец во кариерата против трофејниот Селтик а 24-ти сезонава. Миовски има 14 гола во првенството и 2 асистенции, има 4 гола во шкотскиот Куп и 2 во шкотскиот Лига Куп и по два во Конференциска Лига и квалификации за Европа Лига.

Уште еден капитен заминува од Реал Мадрид

Италијанскиот познат инсајдер Фабрицио Романо на мрежата Х објави дека капитенот на Реал Мадрид Начо Фернандез (34) решил по крајот на сезоната да замине од клубот како слободен играч.

Викендов има топ фудбал

Денешниот и утрешниот ден на програмата носат фантастични дерби дуели во секое ќоше од Европа но и во Јужна Америка.

Интересен гол на Влаховиќ од слободен удар

Јувентус продолжи со игрите топло-ладно и синоќа едвај извади бод на гостувањето на Сардинија кај Каљари. Јувентус губеше 2-0 по два пенали за домаќинот во рок од само шест минути: 30-та и 36-та. Влаховиќ намали на 2-1 во 61-ва со маестрален слободен удар а Досена си даде автогол во 87’ минута за конечни 2-2.

5 мозоци од средниот ред на Шпанија - 5 тренери на големи екипи

Тезата дека играчите од среден ред како организатори на фудбалската игра, имаат визија за да станат добри тренери не е муабет за во магла. Диригент во игра и диригент на клупа не е исто, но сепак на фотографијава има тони кликер кој и во денешно време носи големи резултати.

Европскиот рекорд на Леверкузен спакуван во 2 минути

Од чудото наречено Баер Леверкузен направија тајмлајн со сите 44 натпревари, со кои од синоќа се рекордери во непобедливост и тоа во најсилната можна конкуренција од топ 5-те лиги во Европа. 44 меча без пораз - 44 гола. Уживајте.

Смеј се ти, ама на Лука има да му станеш и оро ќе играш

Пред стартот на гостувањето на Етихад, резервните играчи на Реал Мадрид се местат полека на клупата. Доаѓа Модриќ и одма секој на свое место. 

Добар мајтап за голман кој полни 40 години

Павел Кишек кој има сменето неколку клубови во Португалија, брани за португалскиот второлигаш Униао де Леириа. Играчите бајаги креативни за неговиот 40-ти роденден. Му организирале забава на која висеа балони и слики од него, плус се разбира наместиле софра и купиле торта. Ама чекај да видите што му спакувале на младичот за подарок.

Брутализмот на Сантијаго Бернабеу

Гламурозното реновирање на најпознатиот светски храм на фудбалот „Сантијаго Бернабеу“, дом на Реал Мадрид, се приведува кон крај. Во план е свечено отворање да има летово а се шушка дека главен настан ќе биде и промоцијата на Килијан Мбапе како нов играч на „кралевите“. Да ѕирнеме што има под тревникот на Бернабеу?

Со ваков лоб не можеш да се надеваш на полуфинале

Ако за некој тим можеше да се каже дека е фаворит во четвртфиналињата од ЛЕ и еден од главните конкуренти за трофејот, тоа сигурно е Ливерпул. Но Аталанта не е од вчера, а напаѓач од рангот на Салах не може да си дозволи ваква завршница, особено кога бркаат негатива од 0:3.

Што ви е па ова?

Баер Леверкузен е во полуфинале на Лига Европа откако синоќа во Лондон ја одбрани победата од 2:0 од првиот меч во Германија против Вест Хем. Новиот германски шампион успеа да одигра 1-1 со гол даден во 89’ минута и да ја продолжи апсолутно неверојатната серија од 44 меча без пораз од старт на сезона!

Курнас атанас кој скапо чини

Ливерпул изгуби дома 0:3 од Аталанта во првиот меч од четвртфинале на Лига Европа па на реваншот оствари пирова победа од 0-1 и испадна од Европа. Пред првиот натпревар еден од двајцата коментатори во преносот бил и некогашниот англиски репрезентативец и фудбалер на Ливерпул и Реал Стив Мекманаман.

Кога Жозе Мурињо го избркал Швајнташјгер од првиот тим

Престојот на Жозе Мурињо во Манчестер Јунајтед се поклопи со сивата атмосфера во клубот кога немало многу поводи за радост. Една епизода од тоа време раскажува и светскиот шампион со Германија Бастијан Швајнштајгер. Мурињо и извршниот директор Џон Муртох му забраниле да влезе во соблекувална.

Аргентинскиот голман пак правеше циркузи

Француски Лил успеа да ја надомести негативата против Астон Вила и славеше 2-1 исто колку што изгуби на првиот меч во Англија во четвртфинале од Лига Конференции. Дуелот отиде во продолженија и пенали а таму пак глупости правеше Емилијано Мартинез.

Баер Леверкузен: 44

Баер Леверкузен и Чаби Алонсо на секој натпревар се надминуваат себе си. Остварија нов импресивен рекорд, до сега невиден во топ 5 лигите во Европа и ја продолжуваат битката кон тројната круна.