Фудбал

Чудно однесување на селекторот на Холандија Роналд Куман

Холандија и Полска го продолжија ефикасното Европско првенство. Полјаците први поведоа преку Адам Букса во 16' минута а Холандија направи пресврт и славеше 1-2 со головите на Коди Гакпо во 29' и Вегхорст во 83-та минута. Туку што правеше Роналд Куман на клупата за резерви?

Најочајниот хрватски навивач

Шпанија уште во прво полувреме ѝ одржа лекција на Хрватска и водеше со 3-0, резултат со кој на крај и заврши мечот. Коцкестите го одиграа можеби најслабиот меч на големите турнири во последните дваесетина години а тоа ги погоди нивните навивачи.

Најбрзиот гол во историјата на Европските првенства е дело на Бајрами

По убедливиот триумф на Шпанија над Хрватска, во последниот термин играа Италија и Албанија. Албанците поведоа во 22' секунда со гол кој влегува во Гинисова книга на рекорди како најбрзи во историјата на европските првенства.

Магија на Меси и Ди Марија, Аргентина е спремна за Копа Америка

Во сенка на Европското првенство, во САД се спрема ново издание на Копа Америка која се игра од 20-ти јуни до 14-ти јули и на кое титулата ќе ја брани актуелниот светски шампион Аргентина. Гаучосите на пријателски меч синоќа против Гватемала славеа 4-1 иако први примија гол. Меси и Ди Марија влегоа од клупата и заедно со Лаутаро Мартинез беа творци на успехот. Лео постигна два гола а имаше и една систенција.

Упад на терен за Роналдо, прекинат тренингот на Португалија

Фудбалските федерации мошне вешто го користат големиот интерес на навивачите за големите ѕвезди па така наплаќаат и влезници по скапи цени од 200 до 800 евра за присуство на тренинг на репрезентациите. Денес тренингот на Португалија го следеле речиси 8.000 луѓе а еден млад дечко го прекинал кога тргнал да го гушне Роналдо.

Отворено Еуро 2024 - домаќинот Германија ја растури Шкотска

Седумнаесеттото Европско фудбалско првенство вечерва беше и официјално отворено. На „Алијанц Арена“ во Минхен по пригодна кореографија, Германците ја пречекаа Шкотска и покажаа зошто важат за еден од фаворитите за шампионска титула. Убедливи 5-1.

Германски репортер стварно сакал да види што има под шкотски килт

Народната шкотска носија позната како килт општо е познато дека се носи без долен веш. Илјадниците шкотски навивачи кои допатуваа во Минхен на отворање на Еуро2024 го окупирале градот и го чекаат мечот со Германија вечерва на „Алијанц Арена“. Еден новинар решил да провери дали муабетите за килт се верни.

Водич за Европско првенство 2024 - Група Е

Групата Е е уникатна по тоа што во неа играат дури три земји соседи една со друга. Има еден изразит фаворит но историјата на Европски првенства покажува дека не секогаш фаворитите излегуваат како победници во група.

Учениците на Барса од школо на Европско и Олимписки Игри

Барселона со Чави полека се врати кон своите извори, во Ла Масија, школата од каде излегоа најголемите бисери на клубот. Од таму неодамна во прв тим стигнаа и Ламин Јамал, во моментов најталентираниот млад фудбалер на светот и стоперот Пау Кубарси. Двајцата буквално од школски клупи одат да играат на највисоко ниво летово.

Ново промо видео од Адидас за Џуд и Англија

Англија својот прв натпревар на Европското го игра во недела од 21:00 против Србија. Англичаните веќе ги дрма јака грозница за Еуро 2024, а ги распали и Адидас со ново промотивно видео посветено на репрезентацијата со акцент на Џуд Белингем и фамозната песна на Битлси Хеј Џуд.

Алијанц Арена е чудо од стадион - може да се види дури и од Австрија

Дури и 19 години по свеченото отворање прекрасниот стадион во Минхен останува еден од највпечатливите стадиони на светот. Негова главна особеност е светлосниот систем кој ретко каде може да се сретне.

Станковиќ: Во Скопје беше 1:1, а во Загреб господинот со лева нога нè погоди мене и Пеѓа во грб за пласман на ЕП 2000

„Самото пристигнување во Загреб, затворањето во хотел и сè она што се случуваше околу нас, не беше нормално. Миха со стариот пријател Штимац разговараа за војната грб со грб, бидејќи во хотелот имаше луѓе од различни бранши и секаков вид на полиција. На загревањето на Максимир, наместо да бидеш полесен со секој чекор, стануваш потежок во нозете. Никогаш не сум го доживеал тоа како тогаш“.

Кои лиги имаат најмногу играчи на Еуро 2024?

Интересна листа која ќе ве изненади. Пример дури 14 фудбалери на Европсково играат за клубови од Саудиска Арабија а 12 во грчката Супер лига иако Грција не се пласираше. 13 се од втората италијанска лига Серија Б. Чудно и интересно во исто време. Очекувано, Премиер лига апсолутно прва по број на фудбалери пратени на Еуро 2024.

Хрватите потсетија на „Sometimes maybe good, sometimes maybe shit“

Хрватските медиуми брујат за бомбастичната вест дека Џенаро Гатузо е нов тренер на Хајдук. Потсетуваат на разни негови епизоди и од играчката и од тренерската кариера и пишуваат дека е познат по својот борбен и агресивен пристап. Во 2014-та беше тренер на Крит. Не се заборава овој негов прес.

Водич за Европско првенство 2024 - запознавање со Група Д

Групата Д сосема сигурно ќе донесе некои интересни дуели со оглед на тоа што во неа се светскиот шампион од 2018 и светски вицешампион од 2022 Франција како и Холандија.

За оние кои би оделе со кола на Европско првенство во Германија

Главниот уредник на спортската редакција на РТС Александар Стојановиќ решил со кола да тргне од Белград кон Германија од каде ќе ги пренесува натпреварите на српската селекција. Попатно снима сè и кажува колку чини од патарини преку бензин, храна и слично до Минхен.

Шмекерски гол на Пулишиќ со Бразил

На пријателска средба пред стартот на Копа Америка, САД и Бразил одиграа нерешено 1:1 во Орландо на Флорида. Бразилците отворија преку Родриго во 17’ минута а САД израмни на 1-1 со мајсторски погодок на Кристијан Пулишиќ од Милан во 26’ минута.

Кинеската амбасада во Шпанија со остар протест до Реал Мадрид

На едно од бројните видеа снимани од навивачи на Реал Мадрид после финалето на Лига на шампиони, пејат и скандираат навредливи расистички песни за Кинезите пред камера на која зборува кинески репортер за финалето на ЛШ.

Шест натпревари на ЕП кои не се за пропуштање

Ќе има многу јаки битки на ова Европско првенство. УЕФА веќе издвои шест кои ги смета за најпривлечни. Да ги ѕирнеме.

Рафа Надал е тенисер или фудбалер?

Не да игра фудбал, туку дроби и со дриблинзи и голови. Прсто неверојатно колку е јак. Па уште и Икер Касиљас е на гол. Браво мајсторе.

Се фати Шкот да игра со домаќините од Баварија

Репрезентацијата на Шкотска во петок од 21:00 ќе има тешка задача на отворање на Европско првенство против домаќинот Германија на „Алијанц Арена“. Баварците убаво ги пречекале Шкотланѓаните со еден народен традицонален танц а капитенот на Астон Вила Џон МекГин решил да им се придружи.

Еуфорија за Столе, медиумите го нападнаа, Валенсија го претстави со штосно видео

По долга, 12 годишна кариера во Шпанија, најдобриот македонски голман и официјално се круниса со голем трансфер, во најголем клуб од сите досегашни. Новинари го бркаа за изјава уште на аеродром.

Водич за Европско првенство 2024 - запознавање со група Ц

Групата Ц е онаа во која како и во група Б секој секого може да победи. Англија е изразит фаворит кој како актуелен вицешампион и фаворит број 1 за освојување на Европското не би требала да има турбуленции со ривалите во група. Но...

Интересна мапа со потеклото на сите играчи од Евро 2024

Тројца учесници на Европското првенство се родени во Македонија. Двајца во Куманово (Насер Алији од романскиот клуб Волунтари и Таулант Сефери центарфор од клуб од ОАЕ) и еден од Скопје (центарфорот Јасир Асани). Има интересни места, пример браќата Милинковиќ-Савиќ се родени во Шпанија но во различни градови. Меињан и Пепе се родени во Јужна Америка.