Динамо Киев се приближи до Лига на шампиони каде последен пат играше во сезоната 2016/2017. Пред четири години тимот од Киев заврши последен во група со Наполи, Бенфика и Бешикташ.
Синоќа во плејофот за пласман во Лига на шампиони играа против Гент и во еден момент од мечот Карлос Де Пења и Николај Шапаренко правеа лист-камен-ножички кој да изведе слободен удар. Уругваецот победи (ножички против лист) ама неговиот шут набрзо го одбрани белгискиот голман.
Де Ла Пења подоцна постигна убав гол и беше најзаслужен што Динамо во Киев се враќа со огромна предност пред реваншот.
Познатата игра лист-камен-ножички на времето во Баерн ја промовираа Тони Крос, Франк Рибери и Арјен Робен.
Тогаш Баерн водеше со 3:0 во 25' минута од тој меч па ситуацијата беше и комична. Но тоа не му се допадна на Штефан Ефенберг, легендата на германскиот фудбал кој тогаш рече: „Играа против екипа која жестоко се бореше за опстанок и таква шега не требаше да прават“.
Но во истата сезона 2012/2013 лист-камен-ножички правеа и фудбалерите на Борусија Менхенгладбах Мајк Ханке и Марко Ројс и тоа на дербито против елн. И таму резултатот беше 3:0 за Гладбах.