Фудбалерите на Барселона имаа славеничко гостување против Гранада која очекувано ја збришаа со 0:3. Хет-трик на Луис Суарез со кој ја запечати најдобрата сезона во кариерата и со вкупно 40 голови стана прв стрелец во првенството. Втор е Кристијано Роналдо со 35.
Барселона ја завршува сезоната со 91 бод, а каталонската машинерија сезонава постигна 112 гола и прими 29 на 38 меча од кои 90 се на контото на убиственото трио Меси-Суарез-Нејмар. Реал ги обезбеди трите бода против Депортиво со головите на Роналдо во 7 и 25 минута и останува математички втор на табелата пред Атлетико Мадрид кој има 5 бода помалку и меч против Селта.
Тимот на Луис Енрике беше лидер на табелата од 23 јануари кога славеше на гости против Малага, но со трите последователни порази во месец април, Реал и Атлетико се доближија и шпанското првенство влезе во неизвесна завршница.
За Барселона ова беше 10-та шанса со победа во последното коло сама да го реши прашањето за титулата и успеа во сите 10 наврати. На 14 мај славеле 6 пати, а последен пат тоа се случило во 2005-та.
Луис Суарез стана првиот играч кој по сезоната 2008/2009 им го зема приматот на Меси и Роналдо на листата на најдобар стрелец. Таа година лидер беше Диего Форлан кој заврши прв со 32 гола постигнати за Атлетико Мадрид.
Головите на Барселона
Славјето на играчите по последниот свиреж на судијата по кој настана хаос на теренот.
Продолжија со песна во потрибинскиот простор