Само еден играч со бркови и плетенки освоил Златна топка

Холанѓаните и Германците се рекордери со по 7 признанија, прв меѓу црнците е Еузебио, а Барселона и Јувентус се единствени кои имале играчи со по четири Златни топки по ред.

На сликата го гледате легендарното холанѓанско трио на Милан од 1988 година. Тогаш на тронот беше Марко ван Бастен, втор Руд Гулит, а трет Франк Рајкард. 

Една година претходно Златната топка ја освои Гулит, единствениот фудбалер со бркови и плетенки. 

Барселона е рекордер со 10 играчи кои ја освоиле Златната топка, Серија А е прва со 18 признанија, две повеќе од Ла Лига, а Лев Јашин и натаму е единствениот голман. 

Најголемото индивидуално признание го освоиле 38 напаѓачи и 11 леваци. 

47% од освојувачите и помогнале на својата земја да стане Светски првак, како на пример Боби Чарлтон 1966, Зинедин Зидан 1998 и Фабио Канаваро 2006. 36% од освојувачите станале Европските прваци.

 

13 јануари 2016 - 16:13