Почина Франц Бекенбауер

Се работи за симбол на Баерн Минхен и германската репрезентација, кој одбележа една ера во германскиот фудбал.

Германската фудбалска легенда Франц Бекенбауер почина на 78 години поради влошена здраствена состојба, а веста ја пренесоа германските медиуми кои ги информираше семејството.

„Со длабока тага објавување дека мојот сопруг и нашиот татко, Франц Бекенбауер почина мирно во сон во недела, опкружен со своето семејство. Бараме да ни дозволите да тагуваме во тишина и да се воздржите од поставување било какви прашања, стои во соопшението на семејството.

Бекенбауер е поим за германски фудбал, кој важи за еден од најславните и најтрофејните со врвни успеси.

Зборуваме за еден од деветмината во историјата кој освоил Светско првенство, Куп на фудбалски шампиони и Златна топка.

Потоа еден од тројцата кој успеал да стане светски шампион како играч и како селектор. Другите двајца се Дидие Дешамп и Марио Загало кој почина пред само три дена на 92 години.

Светската титула како капитен на Западна Германија ја освои во 1974-та, а потоа како селектор на Мундијалот во Италија 1990 кога во финале ја совладаа Аргентина со Марадона.

Како репрезентативец на Германија се радуваше и на Европската титула во 1972-ра, а два пати ја освои Златната топка.

Со Баерн Минхен како играч има 4 титули во Бундеслигата и 3 титули во Лигата на шампиони, како и 4 Купови, Куп на Купови на победници и Интерконтинентален Куп.

Бундеслигата ја освои и со Хамбург, а заигра и во САД за тимот на Њујорк Космос со кој има 3 титули.

Во 16 годишната тренеска кариера, Бекенбауер после светската титула со Германија, освои титула во Лига 1 со Марсеј, како и Бундеслига и Куп на УЕФА со Баерн Минхен.

„Светот на Баерн повеќе не е каков што беше. Одеднаш стана помрачен, потивок, посиромашен. Без Бекенбауер никогаш немаше да стане клуб каков што е денес“, стои во дел од соопштението на Баварците.

8 јануари 2024 - 20:42