Самуел Ето во својата кариера има освоено три шампионски титули со Барселона, една со Интер, како и три титули во Лигата на шампиони со овие два клуба, два пати го освојуваше Африканскиот Куп на Нации со репрезентацијата на Камерун, а носител е и на олимписко злато од 2000-та година. Четири пати е прогласуван за најдобар фудбалер на Африка, а има добиено и освоено уште безброј други награди и трофеи за време на неговата долга кариера.
Но неговиот пат до неговиот успехот не бил поплочен со рози.
„Во Франција пристигнав со виза која траеше 10 дена. Ги посетив Марсеј и Авињон, а потоа одлучив да останам во Париз каде поминав неколку месеци. Бев сам, без документи. Знаев што правам, но ризикував. Се обидував да не шетам многу по улици за да не ме фати полицијата", изјави Ето.
На 16 години Ето стана дел од младинската академија на Реал Мадрид. Останатото е историја...