Интер бележи моќен старт во воведното полувреме на првата полуфинална пресметка од ЛШ против Милан. Ветераните Џеко и Михтаријан по само 11 минути го торпедираа голот на градскиот ривал. Плус статива на Чалханоглу и пенал за Интер кој беше поништен со ВАР. Тимот на Инѕаги е целосно надмоќен.