Трампата меѓу Вучиниќ и Гуарин, Интер и Јувентус ја договорија во јануари 2014-та, но Нероаѕурите се повлекоа во последен момент поради гневот на навивачите кои не сакаа таква соработка со Јуве. И двајцата играчи беа на лекарски прегледи, но Морати интервенираше кај Тохир и работата се стопираше.
Алегри во 2012-та требаше да го има Тевез во Милан. Се беше договорено, Галијани ручаше со аргентинскиот напаѓач, но зделката со Манчестер Сити ја стопираше Берлускони кој одлучи да го задржи Пато.
Луис Адриано требаше да направи трансфер од Милан во Сунинг и откако трансферот беше договорен тој се сликаше со шал на неговиот нов клуб. Проблемот настана кај некои детали околу договорот и договорот пропадна, а Адриано имаше извадено и виза за Кина. Милан требаше да заработи 15 милиони евра, а Бразилецот испушти плата од 8 милиони евра годишно.
Фиорентина имаше потпишан договор со Манчестер Јунајтед и усен договор со Бербатов кој со приватен авион слета во Фиренца. Но дресот на виолетовите не го облече никогаш. Во игра влезе Јувентус, но бугарскиот напаѓач им го сврте грбот и на нив и замина во Фулам.
Во 2013-та Мартен Стекеленбург се договори за трансфер во Фулам. Поранешниот голман на Рома фати лет за Лондон за да оди на медицински прегледи и да потпише договор, но во римјаните во последен момент не успеаа да најдат замена. Беа блиску до трансфер со Рафаел дел Сантон и потоа Вивјано, но на крај му рекоа на Стекеленбург да се врати назад.
На 31 август 2015-та Сампдорија се договори со Наполи за Сорино, но договорот не им стигна на време и така пропадна и трансферот на Ѕунига во Сампдорија.
Лани неочекувано пропадна и една зделка меѓу Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид. Давид Де Хеа требаше да замине на Бернабеу за сума од 30 милиони евра, но Кралевите закаснија со факсот. Така пропадна и трансферот на Кејлор Навас во Јунајтед.
Истото лето Итурбе ги спакува куферите, се поздрави со колегите од Рома, но газдите му рекоа да остане и потоа јавно му се извини ја на претседателот на Џенова кој изјави: „Не сум видел вакво нешто во фудбалот 25 години“.
Од ланските трансфери се памети и оној на Милинковиќ - Савиќ кој во јули месец слета во Фиренца за да потпише договор со Фиорентина, но истовреме бепе блиску и до Лацио. Претходно на Фејсбук напиша: Одам во Лацио, а потоа Лацио или Фиорентина, што да изберам. Го избра Лацио.
Касами од Фулам во Пескара, договорен трансфер на 31 јануари 2013 година. Зошто пропадна? Во хотелот во Милано снема интернет и неговиот агент Мино Рајола не успеа да ја доврши работата.