Наташа Андонова е нашиот најголем женски фудбалски бисер кој на два натпревари по ред во дресот на Барселона успеа да постигне 5 гола.
Во полуфиналето од Купот на Каталонија за само 13 минути блесна со хет-трик, а синоќа постигна уште два гола во финалето кое Барса против Еспањол го доби со 7:0.
Головите на нашата најдобра фудбалерка се на 0:33 и 0:55:
🎥 [HIGHLIGHTS] @FCBfemeni - @RCDEspanyolFF (7-0) #CopaCatalunya pic.twitter.com/bQd2Upkhxr
— FC Barcelona Femení (@FCBfemeni) August 25, 2018
24 годишната Андонова потпиша за Барселона во јуни минатата година, а претходно настапуваше за ПСЖ.
Првиот гол од корнер го постигна минатата сезона против Валенсија, а претходно тоа му успеа на Артим Шаќири против Англија.