Баер Леверкузен сезонава има 16 победи на 17 натпревари во сите натпреварувања од кои 12 во низа. Единствениот меч на кој не победија е против Баерн 2:2 во септември.
Во првенство остварија 31 бод на 11 средби, два повеќе од Баварците и со тоа го израмнија рекордот за најдобар старт во Бундеслигата, токму на Баерн со Пеп Гвардиола во сезоната 2015/2016.
Импресионираат и во Лига Европа каде на две кола до крајот се веќе пласирани во осминафинале откако победија на првите четири натпревари.
Под сè поимпресивниот Чаби Алонсо, Леверкузен изгледа незапирливо и има реални шанси да стигне до трофејот во Бундеслигата за прв пат во нивната 119 годишна историја.
Откако се пензионираше во 2017-та и освои СП, ЕП, два пати ЛШ, три пати Бундеслига и еднаш Ла Лига, како еден од одличните креативни играчи од среден ред во модерниот фудбал, Алонсо во 2018-та се пресели во тренерската позиција со Реал Мадрид У-14.
Потоа три години беше на чело на Б тимот на Реал Сосиедад во неговата родна Баскија, пред да биде назначен за тренер на Леверкузен во октомври 2022.
Резултатскиот пресврт не го направи веднаш. Дебитираше со победа од 4:0 над Шалке, но следуваше серија од шест меча без триумф.
Алонсо, по природа победник како играч, набрзо го всади својот менталитет во тимот и со двомесечна серија без пораз кон крајот на сезоната, го подигна тимот до шесто место и квалификации за ЛЕ. Таа форма продолжи.
УНИШТУВАЧКИ БРОЈКИ И ПРЕЦИЗНИ ДОДАВАЊА
Леверкузен летоска се одбрани од интересот на Тотенхем и го врза Алонсо со договор до 2026-та. Верата во него е вратена десеткратно.
Новата сезона ја почна со победи од по три постигнати гола над Лајпциг и Борусија Менхенгладбах, со кои претходно Алонсо беше силно поврзуван.
Патувањето во Баерн за време на Октоберфест, можеше да биде непријатно, но Леверкузен им ја расипа забавата и на два пати се врати од негатива за да стигне до бод.
Оттогаш ги воодушевија сите. Постигнаа 34 гола на 11 натпревари во Бундеслигата. Само Баерн со Кејн има повеќе.
Само Баерн има и повеќе удари кон гол - 215, а Леверкузен 182, како и подобро очекувани голови 34 (expected goals (xG), наспроти 28,7 на Леверкузен.
Тоа значи дека Леверкузен во моментов има преголеми перформанси во напад според статистиката, главно поради немилосрдната линија која ги снабдува со топки напаѓачите, што го дозволува тактиката на Алонсо.
Леверкузен игра 3-4-3 и е поразителен во контри со 7 голови, што е рекорд сезоната во Бундеслигата.
Виктор Бонифејс има 57 удари кон гол оваа сезона, значително повеќе од Кејн со 41. Нигериецот има само 7 гола сезоната, наспроти 17 на Кејн, но ако продолжите да го храните напаѓачот на Баер со топки, на крајот ќе го добиете посакуваниот исход.
Како што се очекуваше, за тим чиј тренер е еден од одличните додавачи на топки, тимот на Алонсо игра одлично со топка. Во Бундеслигата водат по прецизност на додавања со 90,2%.
Леверкузен е подеднакво ефикасен во бековската позиција, а играчите на Алонсо се строго поделени на 5 дефанзивци и 5 напаѓачи. Сезонава во лига примија само 5 гола од отворена игра.
ПОБЕДНИКОТ ВО ЧЕМПИОШИП И ПОРАНЕШНИОТ ВЕТЕРАН НА АРСЕНАЛ
Сето ова е направено од тим кој ја загуби веројатно својата најголема индивидуална ѕвезда во летото, Муса Диаби, кој замина во Астон Вила.
Водечка линија е Бонифејс, кој на 22 години мораше да се врати после две повреди на лигаментите и тешка депресија по смртта на мајка му во 2019-та.
Постигна 17 гола во Белгија за Униот Сен Жилоа минатата сезона, за да заработи трансфер во Леверкузен, а таа форма ја задржа и во Германија со топките дадени од Јонас Хофман и Флоријан Вирц.
На 31 годишна возраст, Хофман ја продолжува својата подоцнежна форма во кариерата по импресивната година за Менхенгладбах, додека Вирц ја покажува формата поради која беше поврзуван со трансфер во Премиер лигата, пред неговата сериозна повреда во март 2022-ра.
Исто така импресионираат бек/крилото Алекс Грималдо, кој со феноменалните нафрлувања и техничка способност му помогнаа на клубот да го реши долгорочниот проблем на левата страна во одбрана, како и централниот дефанзивец Џонатан Тах, кој презеде голем дел од вината за формата на Леверкузен минатата сезона.
Нејтан Тела, кој минатата сезона го освои шампионатот со Барнли, импресионираше како замена за Дијаби, додека Гранит Џака го спојува средниот ред, како заповеднички глас, токму онака како што Алонсо посака откако го ангажираше летово од Арсенал.
Сето ова го става Леверкузен во вистинска борба за титулата, иако никој во Бај арената сè уште не размислува на тоа, бидејќи во ваква позиција биле и порано.
Леверкузен никогаш не ја освоил Бундеслигата, нивниот најдобар пласман бил второ место во пет наврати. Последниот трофеј им е во Купот на Германија пред 30 години.
Последен пат беа лидери по 11 кола во сезоната 2020/2021 под водство на Питер Бос, пред нивната форма да падне после Божиќ и да завршат на шестото место.
Поради ова клубот меѓу германските навивачи доби прекар „Неверкузен“, но со победничкиот менталитет на Алонсо, работите се чувствуваат поинаку.
Баерн и Кејн ќе имаат уште многу што да кажат. Но засега Леверкузен и Алонсо ги имаат сите одговори.