Германија ќе го освои ЕУРО 2012

Нема потреба да го гледаме Европското првенство. Германија ќе биде шампион. Барем така вели симулацијата на „ЕА Спортс", а нивните прогнози во минатото се покажаа како точни.

Познатата компанија за производство на компјутерски игри „ЕА Спортс" прави симулации за скоро сите поважни спортски настани и добро им оди. Во 2010-та година тие погодија дека Шпанија ќе го освои Светското првенство во 2010-та година, оваа година го погодија и точниот резултат на финалето од ФА купот кога Челси го победи Ливерпул со 2:1, а имаат погодено и седум од девет Супер боул финалиња на НФЛ.

Германија е еден од фаворитите според обложувалниците, но и главен фаворит според „ЕА Спортс". Нивната симулација вели дека во финалето Германија ќе ја победи Холандија со 2:1. Најдобар стрелец на ова првенство според симулацијата ќе биде Робин ван Перси.

Нокаут фазата според симулацијата на „ЕА Спортс":

Четврт-финале:
Русија - Холандија 0:2
Германија - Полска 3:1
Шпанија - Англија 2:2 (4:3 по пенали)
Франција - Италија 1:2

Полу-финале:
Холандија - Шпанија 3:1
Германија - Италија 1:0

Финале:
Холандија - Германија 1:2

2 јуни 2012 - 23:28