Иако сцените од Копа Либертадорес не беа смешни и беа далеку од нормала за професионални фудбалери, сепак фоткава денеска му дава друг шмек на настанот. Андер Херера од ПСЖ се мајтапи со нападот на Маркос Рохо од Бока Јуниорс и на заедничка фотка од времето кога играа заедно за Манчестер Јунајтед му го измонтира в рака апаратот.