Иако се работи за второлигаш или поточно за чилеанската екипа Кобрелоа, на повидок се шест бркања во овој клуб кој не можеше да се изначуди на постапките на своите фудбалери.
Откако викендов беа поразени 4:0 во првенствен меч, шестмина членови на тимот продолжија во град, се начукаа и објавија слика која не е за фалење по фејсбуци.
Хозе Барела веројатно бил најпијан бидејќи тој е сам на сликата како моча во полициска кола.
„Да зафркнеш некоја работа е човечки и тоа треба да го прифатиме како мажи. Тоа беше шега меѓу нас и навистина ми е многу жал. Сакам јавно да и се извинам на полицијата. Многу сум тажен“, изјави фудбалерот.
Извинувањето изгледа дека тешко ќе му помогне бидејќи во клубот веќе размислуваат какви ќе бидат казните за сите шестмина фудбалери кои биле пијани. Парична казна, суспензија или раскинување на нивните договори.