Според тоа како излезе годишнава ждрепка во четвртфиналето од ЛШ, тоа значи дека гигантите нема да се истребат меѓу себе, со исклучок на дуелот меѓу Барселона и Манчестер Јунајтед на кој слободно може да му го дадеме епитетот дерби.
Четвртфинални двојки:
АЈАКС - ЈУВЕНТУС
ЛИВЕРПУЛ - ПОРТО
ТОТЕНХЕМ - МАНЧЕСТЕР СИТИ
БАРСЕЛОНА - МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД
Првите натпревари се играат на 9/10, а реваншите на 16/17 април.
Како што стојат работиве, можно е финале меѓу Барселона и Јувентус кое би било прејако да се гледа и поради формата и габаритот на екипите, ама и поради директното соочување Роналдо vs Меси.
Не дека финале Сити - Барселона ќе биде нешто послабо, ама за тоа да се случи Пеп после Тотенхем, ќе треба да го елиминира Јуве. Но ајде да не јадеме гурабии пред време, тоа се само можни комбинации. Да не заборавиме дека тука е и ланскиот финалист Ливерпул.
Во полуфинале ќе вкрстат:
ТОТЕНХЕМ - МАНЧЕСТЕР СИТИ vs АЈАКС - ЈУВЕНТУС
БАРСЕЛОНА - МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД vs ЛИВЕРПУЛ - ПОРТО
Полуфиналињата се закажани за 30 април/1 мај и 7/8 мај, а финалето се игра на Ванда Метрополитано во Мадрид на 1 јуни.