Давид Бабунски имал посета од дефанзивецот на Лацио, Патрик кој му дошол во хотел и со кој си размениле дресови.
Се работи за старо познанство од Барселона, каде најпрвин заедно се калеа во школата Ла Масија, а потоа играа во Б тимот на Барселона.
„Среќен сум што повторно се гледаме после толку време. Ти благодарам за посетата брате“, напиша Бабунски.
„Брате мој, од деца до мажи. Сега најдобри и секогаш посебни“, му одговори Патрик.
Инаку Патрик си замина од Б тимот на Барселона во 2015-та и веќе осма сезона е член на Лацио.
Бабунски една година после него направи трансфер во Црвена Ѕвезда и од тогаш смени неколку клубови, а сега е член на Мезоковешд во Унгарија.
На мечот со Италија беше меѓу резервите.