Off Topic

Лионел Меси е статистичка аномалија

Перформансите на аргентинскиот фудбалски патријарх во голови и асистенции толку остапуваат од нормалната крива на дистрибуција што кога просекот на висината на луѓето би изнесувал 1,75 метри, Меси би бил висок над 2,30 метри. Веројатно никогаш во животот нема уште еднаш да видиме таков феномен, во која било област.     

Во Битола би го викале Темнио

Меланoтан II е синтетички пептид аналоген на природниот хормон кој го имаме. Развиен е во 1980-тите години на Универзитетот во Аризона како средство за потемнување на кожата без потреба од долго изложување на сонце. Не е одобрен од ниедно регулаторно тело но се продава нелегално а се инјектира поткожно. Изгорен од желба да биде потемнет, еден цреп го користел цели 17 години, за да сподели слики „пред и потоа“. 

Трамп е првиот американски претседател победен од едноклеточен организам

Фамозниот рефлектирачки базен на Трамп за кој пукна околу 15 милиони долари (дадени со директен договор, без тендер и наддавање) позелене од алги и почна да се лупи. Тврди дека некој со нож го има сечено. Кој доаѓа бре со нож за да сече бетонски базен? Ене ги, сега околу него ставаат огради „против вандали“.

Изјава на еден воен злосторник

Бен Гвир и Смотрич важат за најрадикалните министри во владата на Нетанјаху (не дека другите се нешто многу поумеерни, види како размислува министерката за социјална еднаквост). Бен Гвир го знаеме како тормозеше луѓе од флотилата за Газа (овде), отвораше шампањ и носеше значка во облик на бесилка кога се воведе смртна казна за Палестинци (овде), повикуваше Евреи да го населат јужен Либан (овде)...

Топката која го уби фер-плејот

Новата генерација фудбалски топки, опремени со сензори и постојан пренос на податоци, го менува начинот на кој се гледа и се суди фудбалот. „Трионда“ не само што мери допир, брзина и траекторија, туку и го намалува просторот за човечка грешка - и интуиција. Ако не па, и играчите да ги опремиме со сензори за еден ден полесно да ги замениме со роботи.

Црното море се омрси

Иако по претходните предупредувања за еколошка катастрофа во Црното море го обвинуваа дека ги плаши луѓето и дека ќе ја уништи туристичката сезона, неговите тврдења се чинат точни. Огромни дамки од нафта и мазут пливале по површината, најверојатно од протекувања откако Украинците удрија по руските рафинерии на нивниот дел од Црното Море. А дечкото вика, и неоправдано скапо било.  

Време за херои

Во фоајето на еден њујоршки театар, Дејвид Брн и една огромна група пејачи ја изведуваат Heroes од Дејвид Боуви. Не може боље. Ако во ниеден момент ништо од ова не ве наежи, од Звезде Гранда, Ана или Раста слободно да барате отштета за нанесена инвалидност.

Од снимање

Тоа што по навика се објаснува како „филмска магија“ луѓево го викаат „бевме на работа“, иако во дел примериве баш изгледа магија крајниот резултат што го добиле.

Холандското село на заборавните

Владата финансира мало затворено "село" во кое луѓето со деменција и алцхајмерова можат да шетаат, пазарат и генерално да се осеќаат нормално, без да им штрчат на „нормалните“. Баш добро. Прашањето е, ќе може ли Холанѓаните и овде да помогнат слична идеја, без и таа да ја спојат некако со ЛГБТ?

Попот што „искина“ група велосипедисти

Не сме му биле на служба за да го провериме стварно дали е поп, ама он е на Пони со наметка и шешир, они се на брзинци во полна велосипедска опрема, и секоја чест на дечкото како се држи.

Британски министер ја дава најбритански воспитаната оставка на сите времиња

Лорд Бејтс е британски министер за меѓународен развој. Како таков тој има должност да одговара на „пратенички прашања“. Од причини што не ги наведува, лорд Бејтс не успева да стигне на време за да удостои со одговор една од членките на Горниот дом на британскиот парламент. Заради ваквиот пропуст што не може да си го прости, тој со едно досега заборавено ниво на пристојност и воспитаност, поднесува оставка на функцијата што ја врши повеќе од 5 години.

Порно-ѕвездата на Трамп на гости кај Џими Кимел

По повод првиот говор на Трамп за состојбата на нацијата, Џими Кимел како своја главна гостинка ја закажа Сторми Даниелс, порно-ѕвездата кој можеби земала 130.000 долари од Трамп за да молчи за една средба која можеби ја имала со сегашниот американски претседател пред неколку години.

Мали мали хидроцентрали

Брендот се вика Турбулент и стварно се мали, една турбина едвај покрива потреби на 60 домаќинства, ама затоа замислени се како многу лесни за поставување, немаат потреба од брана, не ѝ прават штета на природата или нарушување на текот и може да бидат поставени на која било река, канал, водопад и слично.

Скараџијата и мечката

Тој, десетици години искуство над вжештената решетка и одбивање напади од разно-разни роднини, колеги и пријатели, нестрпливи „само малку да пробаат“. Таа, сетила за откривање вкусен оброк кои милиони години се развивале и животински нагон да се нахрани. Битката е непоштедна, ниту една страна не планира да попушти.

Автомат за палачинки за сиромашни

Ја погодува мерката, ги прави најтенки што може, не ги загорува и веќе го имаш во креденец во кујна. Само треба мајка ти да го има прежалено тефлонот или општо тавчето.

Искрени Оскари сезона 2018

Тоа што продуцентите не можат баш целосно да си го направат меракот и по свој ќеиф да ги спакуваат филмовите, не значи дека и интернетот ќе преќути. Искрена верзија на постерите на генерација 2018 номинирани за Оскар.

Упорност и клупа

Украинец од својата кујна има директен поглед на локалниот парк и една импровизирана клупa сместенa таму. Една работа што сфаќа е дека комшиите, а и кој и да помине од таму, имаат многу мерак на седење на клупата, „кога и да излезев на прозор обично имаше што да се види.“ Зема апарат, го остава во кујна, и веќе 10 години вади фотки од клупата.

Нема да има нов Крокодил Данди, ќе има Супер боул реклама за Австралија

Само еден ден откако излезе трејлер што навестуваше дека Дени Мекбрајд (Кени Пауерс) е главниот лик во некое освежување на Крокодил Данди франшизата, беше објавено дека клипот е најава за Супер боул рекламата за промоција на туризмот во Австралија. По неколку клипови од истата кампања изгледа дека нема познат австралиски глумец што не го прибрале во спотовите, од Хемсворт браќата, до Хју Џекман, Расел Кроу, Исла Фишер, Маргот Роби...

Зошто не можеш да делиш со нула

За најголемиот дел од нас доволно е тоа што знаеме дека не може да се дели со нула. Дечково нема проблем со тоа, само го интересира зошто не може.

Драги браќа нововерци

Регулар православен верник од семејство со вековно педигре под јурисдикција на Српската православна црква им се обраќа на своите новостекнати колеги по православие, кои тој ги води како „нововерци“, со проблем на ниво на практикување на вера и религија - „...сакам да кажам, драги нововерци, вистинската вера МОЛЧИ...“

Кармата беше даровна

Една од илјадниците актерки во некоја од стотиците американски тв-серии ја кажува извозената фраза „Karma is a bitch“. По којзнае кои патишта, токму оваа реплика се претвора во моментално главно меме во кинескиот дел од интернетот, а во него луѓе само што ќе ги изговорат магичните зборови, се претвораат во далеку подобрена визелна верзија на самите себе.

Анализа на интервјуто на Питерсон

Кристално чистата победа на канадскиот клинички психолог во веќе легендарното интервју кое го објавивме, уште повеќе ќе ја цените по оваа одлична анализа за тоа какви сè техники и финти беа употребени против него за да биде доведен во подредена ситуација, претставен како лошиот, да се измести од тежиштето и да влезе во замката да се правда за работи кои нит ги мисли нит ги кажал туку му ги конструира новинарката. Многу поучна анализа, дури и да не одите кај некој од нашите пасив-агресив (главно агресив) новинари. Социјалните мрежи се полни со злотвори кои ќе ве снеможат со слични поганлуци. 

Што ќе ти е облакодер без базен

Ништо не знаеме околу ова ама може да се кладиме дека муабетот бил: - Сакам базен, во стан најгоре. Во облакодер? Да, во облакодер. Ама газда, не може толку високо, облакодер е, ветрови и слично... ќе се прелива цело време. Ти немај гајле за ветрови, ставај базен у стан. Ок.

Бургер Кинг да ви ја објасни нет неутралноста

Нет неуталноста можеш да ја објаснуваш до најситни детали па пак на луѓето тоа да им остане далечен и не баш најјасен концепт. Сè додека како метафора не употребиш нешто што добро го познаваат, на пример Воперот на Бургер Кинг. 

Можеш ли да преживееш во Русија од 10 век?

Човекот се вика Павел Сапожников, експерт по историја, и на него ова му успеа цели 8 месеци. Живот како изолиран селанец во Русија од раниот среден век. Попрецизно, во северна Русија од 10-от век. Такви ќе бидат условите, живеалиштето, облеката, храната и алатките што ќе ги користи (нормално освен камерите и опремата за снимање). Клипот малку подолго трае, ама сепак се 240 дена во прашање.

Па после чуди се како е Трамп претседател

Истата нација што не може да се помири со своето раководство моментално е зафатена со изразито глупиот предизвик (дури и за интернет времиња) на јадење пакетчиња прашок. Се вика Тајд под челенџ, по мини комплетчињата Тајд прашок и детергент за перење алишта, и целта е да изедеш едно вакво пакетче, што нормално е отровно, нормално е штетно по живот и здравје, нормално е глупо. Ама луѓе се упорни.

Перспектива на гужва во глобални рамки

- Во Лондон (8,7 милиони) живеат повеќе луѓе отколку во Шкотска (5,2 милиони) и Велс (З милиони) заедно.

- Калифорнија има поголем број на жители од цела Канада, 39,2 наспроти 36,2 милиони.

Не сме нешто посебно домаќини, ама ова изгледа како на некој да ќе му заврши работа

Ова не се решенија на луѓе што немаат пипнато алат или работа, туку на намачени луѓе. Може не намачени, ама снаодливи сигурно.

Оди Финец во Америка

Се матка по клубови за комичари низ Холивуд и некако завршува кај Конан О'Браен во емисија. Генерално сè му е јасно околу Америка освен точното значење на зборот „ass“. Ислушај го, ќе видиш колку и само на памет си учел.

Да не му веруваш на дедо

Приказна за 16 годишниот внук на најбогатиот човек на светот. Да те киднапираат и да дознаеш дека фамилијата нема намера за тебе да плати ни денар.