Зезалици

Силување со родителска љубов

Култот на детето во нашата цивилизација настана не така одамна, пред 50-60 години. Тоа е една прилично вештачка појава, исто како што е Дедо Мразот кој излегува од реклама на Кока кола. Децата се најсилното оружје за забрзување на потрошувачката трка.

Онаа чаша вода што те тера накај Лео

Заради дизајнот и насловите, старите Ју-плочи и сами по себе се драгоцени. Кога ќе ги спинуваш со друг контекст, работата станува уште позабавна. 

200-те задолжителни филмови за гледање според Ротен томатос

Филмовите се избрани без ограничување по година или оценка, туку по проценката на критичарите на Ротен томатос. Ги има од сите жанрови и децении и филмски школи. 200-ти на списокот е Леон.

4 во 1: И споменик и парк и мир и цвеќе

Неодамна на гробиштата на Сапоро (главниот град на Хокаидо), беше отворен споменикот на Буда изработен од јапонскиот архитект Тадао Андо. Будата е висок 13,5 метри, а и покрај тоа успева никако да не штрчи од околината, туку напротив некако многу природно легнува.

Која професија е спротивна на твојата?

Спротивната работа на уредник на вести е модел, вели алгоритамот со кој Њујорк тајмс прави една интересна зезалица за тоа која професија е крајно спротивна на твојата. Ние со над 30 годишно искуство од гледање во огледало можеме само да кажеме - така е!

Титаник вс. денешен прекуокеански брод

Ако потонувањето на Титаник е лекција за комплетното човештво дека треба да покаже малку понизност кон моќта на природата, тогаш денешницата е лекција дека човештвото баш и не е спремно да учи лекции.

Не бе, ти ќе бидеш канцелар на Германија

Иако наликува на уметничка слика од руска школа од 19-ти век, фотографијата е од почетоците на една историска политичка кариера од крајот на 20-от и почетокот на 21-от век. Лето 1990, Ангела Меркел како дел од својата од прва кампања за пратеничка во Бундестагот седнува на шнапс со рибарите од островот Риген. Меркел победува на овие избори и на следните шест.

20 оброци што Базфид вика дека се ефтини

Додека службите успеат да ја лоцираат и изведат "Софка за двајца" пред лицето на редакцијата, ние ќе забуричкаме по Базфид во потрагата по рецепти што треба периодов да ја покријат потребата од - што ново не сме јаделе.

Хонг Конг, нешто како студентски дом

Скај парк е хонкошки солитер за заедничко домување на млади луѓе, оние кои би да ја споделат живеачката со други. Треба само да имаат желба за таков живот и 3.400 долари за месечна кирија.

29-те најбрзи времиња истрчани на 100 метри

Нема сомнеж дека Усаин го држи првото и најбрзо време што некогаш е истрчано на 100 метри. И второто и третото. На списокот има и една дополнителна "функционалност", прешкртани се времињата на сите трчачи што биле фатени дека се допингуваат.

Вистината од Инстаграм фидот

20-годишна финска блогерка му се обраќа на делот од женската популација што уште ја нема совладано вештината за ловење совршен агол и на крајно неупатената машка маса, за да ги просветли околу тоа што го гледаат на Инстаграм (и за да не се извадат од памет ако по некоја случјаност истото тоа после го видат во живо).

Фајрфокс сенд, сервис за големи фајлови што не сакаш многу да се шират

Сервис на Мозила што ти дава да аплодираш фајлови до 1 гига кај нив на сервери, по пат да ги енкриптира и да ти даде линк до тоа што си аплоудирал. Паранојата околу безбедноста и таинственоста на фајлот, освен со енкрипција, се смирува и со тоа што тој може да биде симнат само еднаш, а по симнувањето или максимум 24 часа по аплоудирањето, секоја трага од него автоматски се брише од серверите на Мозила.

Животни лекции од Алан Форд

Компилација мисли (спремни за твитови, мемиња, статуси) од Алан Форд, Боб Рок, Грунф и останато друштво. За тие што не знаат, автори на Алан Форд се Макс Бункер (пишува) и Магнус (црта), и сето ова се случува во Њујорк (и како може да си дозволите тек сега да се запознавате со материјалот?).

Билдерите на Гана

Дечкиве (@kulbila_fitness) не се некои посебно добри фотографи, туку имаат плац со тегови и вежбаат, и толку (ок, сигурно и кркаат нешто по пат). Целиот профил и нивните резултати се едно масовно резилење на секој еден билдер што се пали на опрема, услови и можности за вежбање. Просто е, мускули не растат од држење Техноџим (и слично не толку познати а извикани брендови), растат од вежбање. Па кој сака, шипка во рака, белки и ориз во кујна, и вежбај. За сега имаат 157.000 следбеници на Инстаграм.

Каде е твојата друга страна на светот?

Каде ќе се најдеш ако ископаш дупка низ Земјата и излезеш на сосема другата страна на планетава. Ако си во Македонија и остатокот од Балканот, од другата страна те чека една недогледна океанска пустелија.

Збогување со Честер Бенингтон

Пред два месеца, Шинода и Фарел од Линкин парк во интервју објаснуваат дека Честер сериозно и длабоко е погоден од самоубиството на Крис Корнел. Ноќеска, 41-годишниот рокер изврши самоубиство. Ова е последниот поздрав со него на неколку колеги музичари.

Настанокот на животните

И тогаш Бог рече "сакам нешто што е крава-мечка" и би панда. Кога тоа е расчистено, да видиме што е со другите.

ПЕТА 'рчка во најсветото

Иако само по себе не нешто посебно високо на скалата за "пиар преку скандализирање" ПЕТА се подаде на Твитер да се закачне со сланината. Во нивна одбрана имале они и посериозни напади, ама и ова собра масовна публика, до сега има околу 17.000 одговори, од кои околу половина се на ПЕТА (па оди одржувај им на нив социјални медиуми за 100 евра месечно и наплаќај им за пишување #ДоброУтро секое сабаје). Нивниот твит е "дајте го вашиот најдобар аргумент за јадење сланина".

Русофилите го мавнаа на лажна фотка

Имаше многу фотографии од последниот Г-20 самит но една од нив ги собра сите вирални симптоми. Онаа на која Путин седи како Ѕинго на пауза од конгрес на социјалисти.

Џорџ Дуплове, фалиш

Кога ќе ги види новите верзии, човек неочекувано може да го пукне носталгија по старите за кои ни во лудило не помислил дека ќе му фалат. Што по стариот добар Боки - нејќам еден, нејќам два, три комада сакам ја - 13, кога беше безбедно заклучен во српско реално шоу со најпрецизен опис на станарите (Фарма), што по претходната будалетинка од Белата куќа, по кого на претходниот сајт имавме крстено и рубрика (Бушалаштини).

Како да изгледаш како да знаеш што правиш во животот

Се селиш од кај твоите и тргаш сам/а во живот. Блиски луѓе (што некако не се најблиски роднини што ти дремат по дома) ги договараш за вечера. Животот не ти е баш среден како што планираше, ама тоа не значи дека не можеш да фејкаш.

Шатори, лаги и Инстаграм

Фино е за фотка и за лајкови, ама стварно никој не спие во оние шаторине поставени на еден чекор од провалија до центарот на Земјата. И девојкава сака тоа да се знае.

За чист Холивуд

Некоја надобудна 20 годишна студентка фатила па ја зачистила ѕвездата на Доналд Трамп на холивудската патека на славните (како кај нас теткине што чистеа споменици) и гордо покажала како се покажува почит кон претседателот. Нормално, ја издишија од ремет. Не со онаа овдешна патетика (од кај ѝ се парите за крпчињата, се чисти ли фашизам и сл) туку со хумор и иронија од кои нема одбрана.