Се случило тоа во 1960-та година во една психијатриска болница. Како резултат на негрижата на болничкиот персонал и чуварите, од лудницата еден ден успеале да побегнат 243 пациенти.
Кога во 1995 година, во американскиот национален парк Јелоустоун биле пуштени 14 волци, научниците не ни претпоставувале до какви сè промени ќе доведе овој потег и дека само дузина волци ќе можат да го сменат целиот еко-систем на паркот.
40-от претседател на САД кој денеска им е икона на американските конзервативци, беше првиот кој дојде на функција од светот на шоу бизнисот, поточно филмот. Роналд Реган имаше редовни неделни обраќања до нацијата преку радио а на денешен ден (11 август 1984) кажа нешто што треба ама и нешто што не е за кажување.
TED Talks и локалните TEDx-и натаму во суштина се супер формати на кои може да се слушнат паметни и инспиративни концепти и идеи. Само што, со текот на времето, почнуваат да се трупаат и фејкери и во презентациите да има многу „празни верглања“. На пример.
Ник Кејв како уметник и музичар не е податлив MTV материјал но сепак добиваше внимание и признанија, особено со атрактивните дуети со Кајли Миног и сл. Во далечната 1996 година, најпристојно што може, Кејв им пиша на луѓето од телeвизијата зошто во иднина да го прескокнат кога ќе им текне на награди.
Зеленски објавил мапа на Украина од пред 2014 и освојувањето на Крим. Медведев со објаснување дека „претседателот на Украина бил на психотропни супстанции“ кога ја објавувал мапата, објави своја верзија на мапа за истиот регион базирана на информациите од „западните аналитичари“.
Ако треба ЕДНА дефиниција за демократија да запамтите и суштински да разберете, оваа е таа. Остајте она дека демократијата е владеење на демосот (народот, луѓето). Како што знаете од секојдневниот опит, таа дефиниција ама баш ништо не ви врши работа. Ова е тоа:
Ветувањето што го дава секоја членка на НАТО е дека секоја година минимум 2% од своето БДП ќе го троши на вооружување. Неспорни шампиони се САД, од кои зависи функционирањето на НАТО. Ние, за одбрана во 2022 сме одвоиле 247 милиони долари, и со таа сума сме на 1,78% од БДП-то.
Украинската армија моментално (со различен интензитет) треба да брани фронтовска линија со вкупна должина од 2.450 километри. Колку се 2.450 километри? Колку да возиш со кола од Барселона до Варшава и плус уште нешто.
Во следни 4 минути на планетава ќе бидат родени 1.000 бебиња (и така на секои 4 минути). Иако Индија и Кина се заковани на врвот со 172 односно 103 од овие бебиња, најголемото разочување доаѓа од Европа (не ЕУ, туку Европа) која е стигната до разочарувачки низок наталитет.
Болеста не е чедо на новото време туку датира од прастаро доба. Во старите свети книги се зборува дека внукот на Јаков, Онан, го расфрлал своето семе по земја затоа што не сакал да се жени.
Од почетокот на годинава, најверојатно заради здравствени ем безбедносни стравови, Путин главно практикува средбите да му се случуваат на маси со капацитет за одржување селска слава. На Каспискиот самит не беше ништо поразлично.
Во мај 1997, Борис Јелцин и сите лидери на на НАТО (со сите првотимци: Клинтон, Кол, Блер, Ширак, Солана...) во Париз го потпишуваат НАТО-Русија пактот, врз кој се градат идните односи меѓу Русија и државите на Алијансата.
Во енергетскиот сектор во овие 5 месеци војна се испослучуваа драми кои обично треба да се случат во период од 20 години. Доволно големи и темелни драми да и долгорочни планови на земја како Германија да бидат разнишани и пеплосани како што не биле од Втора светска војна до денес.
Се додека Западот не го реши проблемот со Асанж како што треба, само и само со помилување, сите хвалоспеви што си ги делат сами на себе ќе им бидат дочекувани на истиот волеј „а Асанж?“.
Крахот на крипто пазарот кој се уште е во тек збриша вредноста од илјадници милијарди долари, само биткоин е паднат околу 70% од пикот во ноември кога вредеше 69.000 долари. И за сега никој за ништо не одговара.
Да не биде дека не кажале, човекот од кинеската влада што моментално е задолжен за работи околу корејскиот полуостров, појасни дека во Тајванскиот теснец, што го дели Тајван од Кина, има повеќе зони, меѓутоа ниту една од нив не е „меѓународни води“.
Немаат на кого, па сопствениците на крипто-валути чија вредност во последно време стрмооглаво паѓа, фатија да фрлаат клетви по Мет Дејмон кој во една многу гледана и извикана реклама ги повика да инвестираат во крипто. Да сте го послушале и да сте фукнале 1.000 долари, сега ќе имавте дури 375 долари.
Додека братска Русија за репрограмирање на долгот кон Американците го пушти Косово низ вода во 1999 година, во југословенската амбасада во Киев, за заминување на косовскиот фронт се пријавува лично и персонално младиот неонацист, Андреј Билецки, подоцна лидер на украинскиот Национален корпус и прв командант на злогласниот неонацистички батаљон Азов!
За да биде појасна целата галама околу санкциите на ЕУ, Франкфуртер алгемајне цајтунг седна и педантно ги обележа сите руските цевки во Европа низ кои ќе продолжи да тече нафта. Вака на прв поглед мислиш само ги ископирале сите нафтоводи што Русија некогаш ги направила.
Кон Коглин е уредник за одбрана (војни, војски и сл.) на британски Телеграф, кој многу уверено ги споделуваше своите позитивни желби за исходот од војната во Русија како издражни ставови. Деновиве изгледа позитивата му пројде.
Настрана апокрифните муабети дека се има кастрирано за да не му бега паметот натаму и веројатно точните информации дека спиел само по два часа, Никола Тесла има споделено три техники за поголема креативност и продуктивност кои можат да бидат корисни.
Господ ги собира Путин, Бајден и Вучиќ за да им каже дека сите луѓе на планетава ќе умрат за седум дена и дека тоа е неизбежно и треба што е можно побрзо да им го соопштат на своите граѓани.