Следачите на трендови и експертите за убавина предвидуваат дека сè повеќе ќе гледаме боја што тие ја викаат „топло чоколадо“ - темно кафеава, со топли подтонови. За пример ја посочуваат Сара Хајленд како главен претставник, а после неа Бела Хадид, Емили Ратајковски, Ен Хатавеј и Камила Кабело.
Тајната на оваа нијанса, наспроти глувчестата, посува кафеава е во динамичните подтонови - топла кафена, со костенливо, или малку црвено. И стилистите на славните инсистираат во салон (кај фарбач од доверба) да си носите слики, да не завршите со стар тренд.
Како се чува?
Не е тешка затоа што косата не е во старт изгорена како кога паѓаат жртви на русокоси трендови. Бенефит би имало од внимателна нега (шампони, регенератори и маски што одговараат) и сјај за коса за да дојде до израз.
И, како и во секој случај кога се работи за коса, не го заборавајте златното правило на стилизирање со топлина: секогаш со средство за заштита од топлина и пред сушење - само вака ќе се зачува сјајот и „топлото“ во „топло чоколадо“.