Според описот на Нетфликс, четвртата сезона ќе продолжи каде што застана третата - Џо бега од Калифорнија во Европа со намера да се дистанцира од хаотичното минато, да вади нов идентитет и се разбира, да ја бара „вистинската љубов“. Сега се вика Џонатан Мур и е професор, веројатно по литература.
Новото овде е што се наоѓа во нова и неочекувана улога на детектив, бидејќи излегува дека „не е само тој манијакот“ - има нов убиец чиј таргет се неговите нови, убер-богати пријатели од високото добро утро.
Интернетот се радува дека пак ќе ја види Тати Габриел, само не знаеме дали како илузија или вистински ќе се сретнат.
И нормално, Џо(натан) има нова занимација.