Француска естетика:

Што носат студентите во Париз?

Досега веќе знаеме колкав мит е „типичната Французинка”, стереотип што во голема мера се должи на new wave cinema, и веројатно ви е јасно дека жените во Париз, а надвор од него особено не се шетаат само во маици на риги и беретки. И црвен кармин. И балетанки. И цигара. И така натаму.

Една американска студентка во уметничко школо во Париз, инспирирана од клипот „Што навистина носат средношколците”, снимен во Лос Анџелес, ни прави видео за париските студенти и нивните модни избори.

Прашањата што им ги поставува се:

Кој си ти?

Каде купуваш во Париз?

Од каде ти е облеката?

Мислиш ли дека е тешко да се облекуваш како сакаш во Франција, без да ти судат?

22 јуни 2018 - 14:54