
Или ти е многу, или ти е малку, па имаш несоница, или имаш главоболка, или те боли стомак, итн, итн. Но, што ако има некаква равенка што помага да ја оптимизираш совршената количина кафе во совршено време за да можеш да ја доведеш продуктивноста до врвно ниво?
Има! Може нема утре да ја видиме, ама има.
Едно ново истражување, чиј главен лик е американски воен доктор, Жак Рајфман, има потенцијал да го промени начинот на кој му пристапуваме на кафето. Додека работел за војска, Рајфман и неговиот тим креирале алгоритам со кој може да се персонализира безбеден и ефикасен начин да се дозира кофеинот за да се подобри ефектот на кафето, без да се налеваш цел ден.
Замислете апликација која ве потсетува да си легнете тогаш кога сте планирале, ќе ви каже колку ќе бидете будни, плус ќе го содржи планираниот внес на кафе за еден ден, па ќе ги пресмета кофеинските дози. Токму таков е алгоритамот на Рајфман - софтверот ја користи вашата уникатна физиологија за да ги обработи бројките и препораките кои се толку ефикасни, што резултатот е 65 проценти помал внес на кофеин.

Се тестирало времето кое им било потребно на луѓе да забележат црвена точка на црна позадина, во неколку наврати во рок од 10 минути, и ова му помогнало на програмот да издвои индивидуални нивоа на спремност. Авторите на истражувањето ги искомбинирале сите податоци и од други слични обиди и со тоа го усовршиле алгоритмот за кога и колку треба да се пие кафе.
Во моментот го тестираат на војници, чиишто животи зависат од нивната спремност кога се ненаспани, но студијата покажува дека една третина од Американците функционираат без доволно сон секој ден и баш таквите луѓе можат да добијат многу од оваа дигитална алатка (која сè уште не е достапна за цивили). Всушност, апликацијата може нема да ја видиме со месеци, па дури и години, но идејаа дека шолјата кафе може да се претвори во буст за мозок - без негативните ефекти, е „скоро возбудлива колку и самото кафе.”