Полека, на мала врата доаѓаат минималистичките трендови за шминка (коса, нокти, шминка, дури и козметички и пластични операции), како замена за претераните, длабински практики во кои се колневме во последно време.
„Пандемијата имаше големо влијание врз нашата рутина,“ вели Меган Лавали, мејкап артист и креатор на онлајн содржини поврзани со шминка. Ова сме го чуле милион пати, и така е. „Многу луѓе се шминкаа и средуваа коса само за Зум. Се навикнавме да се гледаме без шминка и тоа како да нѐ натера да си ги цениме природните физички карактеристики,“ вели таа.
Сите знаци укажуваат на тоа, меѓу другото и топ-пребарувањата на Пинтерест. За време на пандемијата, забележани се најмногу пребарувања за велнес, нега на кожа и природна убавина. Тој културолошки ресет што го имавме за време на пандемијата придонесе да се префрлиме на поинаква естетика и да ги прифатиме минималистичките трендови што следеа.
Зошто сега? Веројатно затоа што ни требаше прочистување од она претходното. Како реакција е на претераните нокти-трендови, контурирања и „американски начин на шминка“. Сега сите се враќаат на нешто поприродно.
Фризерите се надоврзуваат дека минималистички фризури вредат повеќе за парите што ќе ги дадеш за нив.
Самиот факт дека се навикнавме на природната верзија од себе го придвижува ова - природна, минималистичка шминка, нокти и фризура дозволуваат уникатните физички карактеристики да блеснат и веќе не се работи за покривање, туку за она што го носиме внатре.