Леплива трака над веѓите е хит сега, откако една девојка објави резултати од оваа пракса.
Значи, девојката спиела 7 (со букви: седум) дена вака и веднаш имало резултати - кожата забележливо затегната, речиси сосема без брчки.
@shinebeautymalibu Reply to @shellssweets #forehead #botox #tapetraining #aginggracefully #skincareroutine #shinemalibu #blog #trending ♬ Calm LoFi song(882353) - S_R
И пластичен хирург ќе се надоврзе на ова, да нема забуни дека ќе си направиме лифтинг за седум ноќи:
„Ставањето леплива трака на челото нема да ги отстрани брчките кои ги имате туку е само начин да се потсетите да не ги мрдате веѓите премногу.“
Брчките на челото се главно од експресии на лицето. Количината на колаген во организмот со тек на време се намалува, па кожата полека ја губи првобитната моќ да се врати во претходната состојба.
Може ли сепак, да си заштедиме за ботокс?