Ставаш филери и се бендисуваш. Заличуваш на најубавите фотографии од себе. Може дури и да ти ги снема проблемите што те мачеле до вчера.
Се навикнуваш.
Одиш на уште малку.
Па, уште малку.
Почнуваш да се преполнуваш.
А никој не ти кажува.
Излегува дека филерите се совршено олицетворение на Царевото ново руво - сите те гледаат дека се упропастуваш, ама те гледаат и дека си задоволен - и никој ништо не вика.
Др. Бен Бјукенен е клинички психолог од Австралија и специјалност му е третман на нарушување со телесна дисморфија. Соработува со доктори кои практикуваат козметичка медицина и има вебсајт фокусиран на психолошките фактори што се во игра кај пациентите што се фаќаат за козметички процедури и проценка на психолошките ризици поврзани со нив.
Заедно со пластичен хирург и дерматолог го дискутираат новото нормално, каде што веќе сме навикнати на „преполнети“ јавни фаци, до тој степен што и на нејавните што одат по нивните стапки не реагираме.
За ефектот на социјалните мрежи, за Данинг-Кругер ефектот, за разложување на филерите и за атрактивност наспроти автентичност и на крај, зошто преполнетите не сфаќаат: