Одеднаш - насекаде Диор

Диор не можеш да го избегнеш последниве 2-3 недели.

Во Њујорк на почеток на месецов славни личности како Нора Џонс и Меј Маск шетаа фустани по улица за Интернационалната гала на Диор во Гугенхајм. 

Во Лондон, насекаде мотиви од колекцијата 2023 - ружи, ѕвезди и светкави цветни аранжмани во Хародс. И да не заборавиме - сеприсутноста на последните црвени теписи.

Изборот за гардероба што го направи Ања Тејлор Џој на пример, немаше кој не го спомна, ама за двете комбинации од Диор луѓето не затнаа. Еднаш беше сукња со кринолина и мрежасти ракавици, а друг пат чипкан бралет и потсукња од истата колекција.

Потоа, филмскиот фестивал во Маракеш: Изабел Упер ги засени сите со црниот свилен капут на Диор. Па, Џенифер Лоренс со црн тул на Диор. Брендот почна да ги собира сите овие комбинации на Инстаграм со хаштаг #starsindior и сега има 12000 поврзани објави, главно од последниве неколку месеци.

Во шесте години колку што го предводи брендот, Марија Грација Киури го модернизира и креира визија за практичен луксуз. Често ја фалат дека нејзините парчиња се лесни за носење, но во исто време, како што кажува Меј Маск (мајка му на Илон), „се чувствуваш и како принцеза“, без разлика дали владееш со гала или одиш на кафе.

Можеби причината за сето ова е што луѓето повторно сакаат да се чувствуваат кралски после две години носење пижами и тренерки. Можеби е виновна најновата сезона на „Круна“ и принцезата Дајана по која е наречена и ташната Лејди Диор.

Како и да е, сеприсутноста на Диор не поминува незабележано, и најверојатно нè чека уште многу во 2023.

13 декември 2022 - 12:38